
На почеток навидум се исто но сепак различно !
Во првиот состав на десен бек Велковски, местото кое го заслужи апсолутно по минатонеделната партија во Словенија и одговори во висок ритам со голови, игра во одбрана, прецизно разигрување и неколку перфектни асистенции до пикер . Танковски на центар, нешто што сладокусците во Македонија го очекуваат со нетрпение, иако во првите напад два малку нервозен сепак на високо ниво и со нескриена жар … нешто што можеби најмогу му недостасуваше на Пелистер изминатитенатпревари. Една фатена со крајот на окото прегратка на Стипе со Благојче, пред почетокот на натпреварот, која го најави враќањето на кралот на головите, Стипе беше на 11 од 11 нешто што сите однего очекуваа. Кушан прекрасно одговори на сите асистенции од бековите и го направи Зорман нервозен а голманите невидливи. Кукоски во одбрана внесе неопходното искуство, борбеност, дрскост и повторно Жар ! Бековите на Пелистер играа многу широко и трпеливо овојпат па недозволија голманите на Тримо да бидат приметени. На почетокот се играше споро па во 10 тата минута беше 6:6. Но добрата игра на бековите Мандалиниќ, Танковски и Велковски, зголемувањето на интензитетот на игра во одбрана и Х факторот Кукоски создаде блага разлика 12:10 за Пелистер. Кога Чаневски се појави со неколку одбрани, еден седмерец а другиот шут во стативата, Зорман на клупата на словенците ја изгуби насмевката од Требње веќе беше 16:11. Кога во одбраната застана македонската четворка Костески, Велковски, Кукоски и Маџоски температурата беше 100 степени ! Вегар на крилјата на Кукоски одличен во одбраната, малиот Костески перфектен во контра, Чаневски повтроно се појави и веќе беше + 6 . По цепелинот на Велковски беше јасно КОЈ Е КОЈ ВО БИТОЛА !
Зорман се обиде со неколку промени и во одбрана и во напад но се чини дека беше доцна . Светла точка беше само Рашо но тој самиот небеше доволен. Бабиќ овојпат имаше контрола на натпреварот. Одличен тајмаут во второт полувреме на +6 за сигурен напад и чврсто држење на уздите, иако впечаток е дека ротацијата контролирана овојпат сепак имаше неколку чудни моменти ! Радовиќ на место на Костески кога беше на 3 од 3 и Периќ на место на Танковски кога малиот ги имаше сите адути во џебот. Но тоа се тајните на тренерите нели ?Една победа, но разбистри неколку нејаснотии…
Да Пелистер има добар тим, Бабиќ има решенија, Мандалиниќ, Танкоски и Велковски се добитна бековска комбинација. Брестовац имаше што да види, одлични бекови, крила Маџовски и Костески и можеби повторно во репрезентација Кукоски кој покажа како треба да се бориш за својот тим и како да бидеш Х фактор !
Ладните словенци овојпат не се снајдоа под Пелистер и замрзнаа на -7
Од пред малите екрани за Татковината со ракометна победа Напред !
Виктор Христоски