КОН EHF EL ТРИМО ПЕЛИСТЕР

Нека победи подобриот…

Со години се мачев да разберам зошто во еден натпревар во кој една екипа долго време е блиску до добар резултат, на крајот сепак губи. Одговорот е едноставен…затоа што победува подобрата екипа ! Причините зошто една екипа е подобра можат да бидат субјективни, едноставно е повеќе од очигледно кој е доминантен, и објективни, да ја погледнеме статистиката.

Да почнеме од неа• Тримо реализација 70% Пелистер 50%• Тримо успешни напади 61% Пелистер 45%• Тримо голмански одбрани 15 Пелистер 5• Тримо одбрани 38% Пелистер 15%• Тримо голови со играч помалку 4 Пелистер 0

Прилично јасно. Од субјективните каде слободата на изразување е поголема почнувам од системот на ротација, кој е прилично интензивен и на моменти претставува вистински предизвик да се прати, забележувам дека со истиот проблем се соочуваат и дел од играчите. Отсуството на лидер е повеќе од очигледно. Дали е тоа капитенот Чаневски, или мегазвездата Мандалиниќ. Ниту едниот ниту другиот денеска немаа блескави партии ни по учинок ни по залагање. Отсуството на жар и мотивираност е уште едно прашање упатено до стратегот Бабиќ. Пелистер добро почна, одбраната со Маџовски и Радовиќ на двојка и петка, ротација со Куковски и Вегар делуваше вистинска, подвижна и агресивна долго време го чуваше голот, па резултатот во 18 тата беше 5-5 а во 23 тата 9-8. Но нападот беше фрустирачки лош па противничкиот голман забележа десетина одбрани од кои повеќето зицери. И како во многу истражувачки статии на тема на ефикасност или по хрватски учинковитост на голманите, нивното влијание на играта, добропознатата добар голман е половина екипа, стигна сметката… Словенците се охрабрија станаа подрски и посигурни во секој елемент на играта, а пелистерци потонаа… Потоноа до тој степен што враќање неможеше да се подготви ниту со ротација, ниту со смиреност во нападот ниту со мотивациски говор на 4 минути до крај на -5, со кој тргнувате на победа.

Легендарната Клавајте голови … очигледно е изговорена во една ваква ситуација. Мандалиниќ беше на 5 од 11 за шут и со само 3 асистенци, и неколку изгубени топки, несреќниот Кушан 3 од 7, Маџовски кој очигледно е љубител на десертот топло ладно, почна со 3 од 3 па продолжи со 0 до 5, забележувам дека потенцијалот кај него е огромен но можеби треба да поработи на психолошки план, Периќ кој веќе неколку натпревари ми е мета, 2 од 5, иако овојпат со 9 асистенции и драматично намален број на изгубени топки, сепак премалку дава во однос на минутажата која ја добива. Можеби единствена светла точка, во секој поглед беше Велковски, паметиме еден негов блесок на Европското кога Кире беше повреден а тој го изигра целиот меч со Чешка па сите останавме со заклучок еве го наследникот…

Заклучок Пелистер беше повторно послаб па повторно загуби !

Ракометен аматер Виктор Христоски

01.12.2020 EHFEL

Тримо 28 Пелистер 24

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...