
Од големата база на новинарски фрази, една сама се наметна веќе од 9 тата минута. Од овој натпревар ќе се запомни само резултатот !
Инаку почетокот многу ветуваше. Добра и брза одбрана, транзиција, Талески конечно со поинаков шут, со одлучност, очигледно помислата на враќање во Автокоманда сериозно го погодила, Џомба леташе по герфлорот, Борко фаќа зицер, транзиција … еј ова е нашиот Вардар …
Остатокот … страшно слаба одбрана, не пробиваа премногу лесно, Талески премек, другиве не баш координирани, Борко со мислите на друго место, Дибиров во свој стил престап до престап. Нападот од напад во напад се послаб и послаб. Алушевски ротираше бараше расположени но тешко одеше.
Што е добро ? Полека Вардар се комплетира, најверојатно и со Дисингер е се во ред, Талески напаѓачки пружи нешто што не сме виделе со години, со шут 6 од 9 со разновидност во шутот, со одлучност делува дека можеби е на добар пат, Капитенот со огромна минутажа и влијание во играта, Џомба сто посто сигурен, Чупиќ се враќа, Јотиќ е брз ух колку е брз, ме потсетува на Немезисот од РајНекар Енди Шмит ! Глеб со добра реализација, Борко фантастичен во клучни моменти, погледнете ја само двојната одбрана во последните безмалку секунди, интересни акции во напад иако приметно е дека не се доволно воиграни, и впечатокот дека сепак СЕХА веќе не нуди толку мотивација како порано, па очекувам повеќето да бидат на повисоко ниво веќе в четврток, Вардар нема многу простор за корекција доколку сака да го сочува реномето !
Секоја чест за СЕХА, но вистинското доаѓа во ЛШ веќе во четврток во Португалија !
Вардар Нексе 27:26