Зошто Пик му бил редовен муштерија на Вардар ?

Фотот Виктор Христоски

Иако паметиме сериозни дуели во сериозни времиња статистиката секогаш била во корист на Вардар. И денеска ќе бевме сведоци на повторување на историјата доколку Вардар имаше повеќе од 2 квалитетни и подготвени бекови на располагање.

Натпреварот почна споро, во склад со празната Јане Сандански, без навивачи, мирно како на тренинг. Унгарците беа во блага предност, успеаа да блокираат неколку удари, и да ги искористат подзаспаните вардарови халфови за 5- 2 во 9 та минута. Спориот ритам ги подзаспа и гостите, па веќе во 15 та минута Вардар израмни, претходеше една НБА акција на Дисингер, Борко фати нешто и еве ги црвено црните во водство. Дибиров играше феноменално па Пастор беше принуден да му залепи фластер, следеа одбрани на Борко, па Богдан наш миленик од минатото почна да фршти. Да не беше расположен Бомбач разликата можеше брзо да порасне.

Повторно Дибиров одигра одлично а легендарниот ракометен авторитет на клупата на Пик Сегед, Пастор делуваше на тајмаутот како нервозен шеф на шпанско-унгарски ресторан, извикувајќи нешто како, карамба, кантања, мањана, паеља или пак гулаш!

15-12 за Вардар.

Одбраната на Вардар денес убава, 6-0, тенка, висока, подвижна, го задржа Пик на 13 голови во првото полувреме.

Второто полувреме продолжи во сличен ритам, капитенот жесток, Валчак пожртвуван и ефикасен. Неколку судски одлуки во текот на целиот натпревар под знак прашалник, сите наизглед во корист на гостите. Тема која со активирање на сајтот www.samorakomet.mk редовно ќе ја имаме на менито во рубриката ПАСИВНА.

Во продолжението стигна фискалната ! Вардар играше само со два бека и Чупиќ на десен, па полека тие се изморија, а и одбраната на Пик почна да ги чита. Во нападот Пастор ги ротираше безмалку сите, а Бомбач и Кањелас покажаа зошто се врвна класа, па имаа решение за секој напад. Овој Вардар изгледаше безмалку одлично, подвижно во одбраната, за жал сепак премалку голмански интервенции 7 на Борко и 1 на Робин, и решително во нападот.

Фразата подолгата клупа го доби натпреварот како да е создадена за овој натпревар !

Во очекување на службените бодови и разрешницата на ЕХФ ЛШ, со мислите кон следната сезона, во која очекувањата во однос на оваа коронарно-посттранзициска сигурно ќе бидат посериозни !

ЕХФ ЛШ Скопје Македонија 14.02.2021

Вардар 26 Пик 28

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...