Денеска едноставна задача имам, треба да го претставам третиот финалист. Барса. Едноставно најдобри. Кога ќе ги погледнете остварувањата зад тимот едноставно занемувате. Рекордери се во безмалку секоја категорија.
Играат најубав ракомет, ги имаат едни од најдобрите ракометари и секако еден од најдобрите тренери. Ако размислувате како да ја победите Барса и ако треба да побарате совет, на прсти ќе се избројат оние на кои тоа им успеало и кои ќе може да Ве посоветуваат.
Во тимот плејада ѕвезди и одлични ракометари. Палмарсон, Циндриќ и Дика Мем. Нгесан, Ентрериос и Фабрегас… и така натаму. На голот магичниот ДеВаргас.
Само крајот на кариерата на Чави Паскал во каталонскиот гигант може помалку да ја наруши, или да ја зголеми хомогеноста, ќе видиме веќе во сабота.
Немам зборови што да додадам сем да напомнам дека за Барса играле и две наши величини, Кирил Лазаров и Борко Ристовски. Но и да додадам дека три од ретките, како бел носорог порази доаѓаат токму од Македонија. Вардар ја победи моќната Барса на Ф4 во 2017 и во спектакуларниот пресврт во 2019 година, а Металург сега веќе далечната 2014 во групната фаза.