Одиме во Охрид, Супер Куп Вардар-Пелистер

Македонскиот бисер Охрид, е домаќин на 5 тиот ракометен Супер Куп на Македонија. Во недела од 20,00 часот во салата Билјанини Извори за прв пат во оваа нова сезона ќе се судрат РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер.

За Вардар ова е 5 ти Супер Куп, за Пелистер втор. Интересно е дека во 2017 та во првиот Супер Куп играа Вардар и Еурофарм Работник. Вардар има освено досега 3, а Пелистер 1 титула.

Суперкупот никогаш немал поинакво значење од парадно, но секогаш бил предвесник на можните сценарија во Македонскиот Шампионат. Така и овој пат, земајќи го впредвид новиот формат на супер лигата, овие два и единствени засега фаворити за титула ќе се сретнат напролет, па овој дуел само ќе ни наговести во каква кондиција се двата тима.

Сезоната 2021/22 беше една од најубавите, најнеизвесните и највозбудливите во поновата Македонска ракометна клубска историја. Можно ли е повторување и годинава?

Двата македонските клуба се со прилично нови формации. Во најавата на елиминациите за СЕХА се позанимававме со нив http://samorakomet.mk/catch-the-match/patot-do-zadar/ . Но овој дуел има сосема поинаква тежина. За Пелистер поизразено. Па ќе почнам со нив.

Битола е подготвена за титула, шампион на Македонија, па евентуален триумф во Супер Купот само дополнително ќе го зголеми гладот по круната. Солидниот настап во СЕХА Ф4 дуелот за трето место, полека ја открива физиономијата на овој прилично изменет состав.

Во Пелистер замената на балканската колонија со легијата на странци, беше прилично брутална и брза. Колку време ќе треба сето тоа да функционира како часовник ќе видиме низ сезонава. Тие за разлика од Вардар ќе имаат настапи во Лигата на Европа па полесно ќе се градат.

На бековските позиции комплетно нови лица, со исклучок на Танковски кој кај агрономот немаше многу шанси. Како тие ќе се адаптираат на напонската состојба кога играат овие два клуба е енигма. Како ќе одговорат на притисокот е исто така прашање. Моја забелешка е дека токму Танковски во прилично сензационалната ланска победа во Јане, беше еден од клучните играчи. Но дали е тоа доволно. На гол делуваат најсигурно, за фасцинантниот Секељи сега го имаат искусниот Лесјак, со Куковски, русот и легионериве би можело тоа да биде една цврста одбрана.

Голема непозната е и тренерот Валтер. Тој на прва делува многу посериозно од земјоделецот, игра со цела постава но за разлика од гореспоменатиов ротациите му се смирени и одмерени. Дали има задача за брзи резултати или ќе ја гради екипата, исто така за нас е непознато. Ако го споредиме само по дуелите со Нексе, во предност е.

Вардар пак во континуитет е под шок терапија. По заминувањето на Самсоненко, постојано е на удар на нови изненадувања. Последното, бруталната елиминација од Лигата на Шампиони сосема го измени ликот но и амбициите на клубот. Со скратена клупа, на која местата си ги фатија неколку македонски играчи, а на која можат и многу време да поминат доколку не ги засукаат ракавите, Вардар според зборовите на Ристовски во подкастот http://samorakomet.mk/vo-fokusot/borko-ristovski-vaucherot-e-sozdaden-za-korupczi%d1%98a/ , повторно е фаворит за титула. Констатација за која не се согласивме. Вардар во првата седморка, да делува сериозно, Томовски или Ристовски, Манасков, Ѓеоргиевски, Стоилов, Талевски и Моралес и Карапалевски кој е единствена свежа крв.

Друга тема е клупата. Таму Недановски досега прилично коректно ги пишуваше сите домашни, па за нијанса предноста на клупата би била негова, но само поради факторот “домашен терен”.

За жал кладилничарите не се занимаваа со овој многу интересен натпревар, па немаме прилик ада ги анализираме нибните анализи. За да доловам колку сметам дека е неизвесно, бев во мојата маалска кладилница со намера да уплaтам на “ИКС”.

Недела е убав ден, Охрид е прекрасен, публика се надевам ќе има, останува да уживаме во Суперкупот. 

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...