ВАРДАР ГО ПРЕЧЕКУВА КИЕЛЦЕ

Дерби и покрај се !

ТИМ

Киелце е во одлична серија во овогодешната коронарна сезона на ЛШ. Изигра 6 натпревари, по 3 дома и нагости, извојува 4 победи една нерешена и со само 1 тесен пораз во првото коло нагости кај Флензбург е на првото место на табелата. Игра брзо и динамично, на, во наводници Вардаров погон, екипата е доста изменета и многу подмладена се добива впечаток дека после турбуленциите слични на Вардаровите сепак фатија еден мирен тек и отидоа во правец на значајно подмладување на екипата.

ИГРА

Играат на гол повеќе, па во просек шутираат безмалку 50 пати по натпревар (48,8) и постигнуваат 31,7 голови дома и 31 гол на гости. Нападот е течен и брз со многу вкрстувања, срцето душата а можеби во оваа фаза и телото на тимот се екс Вардарците, Карачиќ и Душебаев, Тие заедно постигнаа повеќе од половина од сите голови од од бековските позиции, 57/105 оваа сезона. Во преден план е нападот низ средината, бековите шутираатво просек 37% низ средината или додават на пикер во 32 % од завршените напади, па и процентот на постигнати голови низ средината е огромен 67%… од вкупнит број на постигнати голови ! И покрај брзата игра и честите додавања на линијата 6 метри изнудуваат само 2,8 пенали по натпревар и ги реализираат со 75% успешност. Акции за крилата безмалку и да нема како и шутеви од класичен лев односно десен бек. И покрај брзата игра, контри безмалку и да неразвиваат, а со тоа доаѓа и минорниот број на технички грешки, За жал ЕХФ сеуште нема педантна статистика за изгубени топки но впечаток е дека ги нема многу.Во одбрана играат главно 6-0, често започнуваат и 5-1 но не се потпираат долго во натпреварот на оваа формација. Играат прилично чисто и необично за нив, па имаат само 2,5 исклучувања по натпревар. Како и во нападот и во одбраната се доста брзи и подвижни но се соочуваат со тешкотии кога џинот Гебала е на 3 или 4, па тогаш и нивната средина е порозна. Ротираат доста во одбраната бидејќи и немаат некој посебен дефанзивец, па можеби и тука е причината дека примаат доста голови по натпревар, 27,7 дома и 28,3 нагости. Кога е искусниот Лијевски на терен, делуваат дека се посигурни но би рекол само така изгледа. Секако оваа статистика би била уште полоша да го немаа на гол фантастичниот Волф, кој со 30,5% одбранети удари е вистинска енигма за противниците. Овде нотирам уште една слаба страна а тоа се немање вистински втор и трет голман, па теретот сам го презема Волф, а сепак и тој може да има слаб ден.

ИГРАЧИ

Клучни играчи во тимот се Карачиќ, Душебаев и секако голманот Волф. На бековските позиции се младите и неискусни Сичко, Даниел Душебаев, Вујовиќ, Гебала, Кулеш кој располага со одличен шут но неиграше на поголемиот дел од средбите, На пикер се солидно пополнети со Турна и Каралек, додека на крила се Гудјонсен, Морито и Фернандез кој е уште само еден од малкуте искусни играчи.

ТРАДИЦИЈА

За жал Киелце е во предност, иако секогаш дуелите со нив биле вистински празник на ракометот.

ТЕРЕН

Скопје е еден од најжешките терени и секако на Вардар страшно му недостасува публиката, а гостите се препотуваа уште пред натпреварот да започне. НО во транзицискава ситуација со начнатиот Вардар и во стручен штаб и во играчки кадар можеби легендарната ТИШИНА Е ПОТРЕБНА, на аголот во Аеродром овојпат е добродојдена.

СУДИИ

Судиска двојка од Австрија со балкански корени, ќе ја коментираме по натпреварот… очекуваме фер и коректно судење.

МОТИВ

Вардар е европски шампион и е мотив за секој противник, нив нема да им недостасува. Вардар полека го крева нивото на игра, па после двата добро одиграни натпревари со Фленсбург и Порто победа против Киелце ќе значи дека ВАРДАР повторно е тука !

HC Vardar

ШТО ТРЕБА ВАРДАР ДА НАПРАВИ

1. Да ги лимитира Кара и Алекс во движење 2. Да ја успори играта и да го направи Талант нервозен 3. Да ја искористи порозната средина во одбранат на Киелце

ЦЕЛ ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ

И тоа не е се бидејќи Бице вели дека очекува Кара да биде одличен иако игра против својот Вардар. Зошто? Ќе го нема товарот од публиката, позитивен за него но на првото гостување во Јане, во жолтиот дрес, му ги врза и рацете и нозете. Сега тоа ке го нема, а секако и е многу многу поискусен. Вардар треба да се обиде да не го разбрани Волф, барем не уште во првото полувреме. Ако тој фати само неколку топки, а резерва вистинска нема, еве уште една причина за нервоза на Талант. За жал ќе ја нема и публиката да му става сол под опаш и да го изнервира дополнително уште на загревање. За вака млада екипа вардаровата публика беше како создадена …вулканска атмосфера во која можат лесно да изгорат…

EHF CHAMPIONS LEAGUE MEN

18.11.2020 Скопје Македонија

Вардар Киелце

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...