Фармацевтите поразени во Нови Сад

Фото РК АЛКАЛОИД Во моментите додека го пишував коментарот пристигна веста за новиот ранкинг на националните федерации. Повеќе од јасно ни беше дека Македонскиот рејтинг е во опаѓање, но искрено барам помош и информации како украинскиот рејтинг толку порасна? Нејсе, одамна е јасно дека ЕХФ е корумпирана и кусогледа федерација, а и не е многу […]
Ракометен триптих

Во два дена имавме прилика да видиме, неколку во најава интересни дуели. Дали навистина беше така? Ракометната женска репрезентација на Македонија по мнооогу долг период има прилика да се квалификува на големо натпреварување сама. Исклучително важен циклус за враќање на довербата во женскиот ракомет и уште поважно за отварање тема Професионализам. Шокантно беше да се […]
13 причини за успехот на оваа генерација

Текстов ќе биде едноставен: Влезот во топ 10 селекции во светот е огромен успех, земајќи впредвид и фактот дека ние не изигравме ниту еден натпревар со екипи надвор од европа, уште поголем ! Овие Македонци навистина се борат ! Тие се нашите херои !
Долго топло ракометно лето

Во далечната 1989 година, во продукција на Кроација Рекордс е издаден еден хит, сега веќе легендареn, “Дуго топло љето почиње”, во изведба на Џаволи. Летото и легендарноста се темите кои деновиве ме окупираат. Летото поради сиот свој пекол, легендарноста поради големиот број Македонски ракометни легенди кои во краток период се престроија и прекомандуваа. Почнувам од […]
O боже, каков е овој ракомет !

Викендов кој измина го следев дербито Бутел, Алкалоид. На полувреме беше 9:9, на крајот 21:19. Синоќа пак, по мој вкус меч на неделата, за жал не и по ЕХФ критеримуте, за кои одамна се сомневам дека вредат, гледав Барса, Алборг. Во следниот пасус ќе споделам статистички податоци, под претпоставка дека лабавава ЕХФ е точна, кои […]
Run and Gun

Поминаа безмалку 8 години од двомечот на Металург со КИФ Колдинг во осминафиналето на Лигата на Шампиони. Скопските плави, предводени од Лино Червар го збришаа данскиот шампион. Тогаш ракометниот маг даде изјава, Постојат два типа на ракомет, едниот е “run and gun”, а другиот е “знаење” ! Фантастично звучеше оваа изјава за сите старомодни типови […]
На запад ништо ново

Во првиот четвртфинален ден бевме сведоци на две вистини. Првата, Барселона е голема екипа и ќе треба да се појават вистински мажи за да ја симнат од тронот. Оддалеку наслутувам за првпат во современава историја можност некој да ја одбрани титулата. Тие играат еден безмалку перфектен ракомет. Фантастична одбрана која противниците ги тера да шутираат […]
Чешките чевли удобни

Има една странска која вели ОБЛЕЧИ ГИ НЕГОВИТЕ ЧЕВЛИ, а во слободна интерпретација би значело да се ставиш во одредена позиција или ситуација во која е некој. Притисокот врз Лазаров растеше од денот на неговото назначување за селектор. Тој самиот призна дека има непријатели. Во одредена констелација на силите и во сенката на одлуките кои […]
На 5 ти кај да си во Битола да си!

Вторникот го донесе најголемиот предизвик за Македонија, ама во фудбалот. Црвено жолтите, рисовите, се судрија со еден од светските гиганти, Португалија. Заслужено изгубивме, но никого не оставивме рамнодушни. Зборувам за тезата, спортот е најголемиот амбасадор. Во сенката на тој настан, битолчани заминаа во Нашице, мало место во Славонија, Хрватска. Градот со помалку од 9000 жители, […]
Пелистер загуби, сонот за висок пласман остана.

Во морето од забелешки, некои издржани, некои на ниво на желба а некои романтични, предлогот за стопирање на трансфери во тековна сезона и потпишување договори однапред, вечерва повторно се актуелизира. Наративот за мечот имаше две димензии, од тотално небитен за Татабања, до вториот покомплексниот, тешко ќе се добие оваа утакмица. За жал вториов беше поиздржан, […]