Битолски ракометни муабети

Битолската публика е одличен познавач на ракометот. Со Боб и Џаро разговараме за ракометот, за Битола, за притисокот, за амбициите. Колку чаршијата влијае на ракометните настани. Зошто ракометот е толку важен во Битола, како се станува ракометен вљубеник. Погледнете во најновиот САМО РАКОМЕТ подкаст директно од Широк Сокак од легендарниот Тач …

Николов и Начевски, потребнa е институционална поддршка за судиите

Веќе стана традиција ! Најдобрите Светски ракометни судии, наши гости. Со Славе и Џоле за актуелните состојби во Македонскиот клубски и репрезентативен ракомет, за ЕХФ, за развојот на играта и правилата. Како Македонија да го задржи високото ниво на создавање квалитетни судии. Погледнете …

Спортски повреди и дали може да се избегнат ?

На почетокот на новата сезона се соочуваме со стара болна тема. Повредени играчи. Кои се причините, може ли да се превенира, како да се третира, како побрзо играчот да се врати на теренот? Прашања што ги мачат сите, играчите, тренерите, управата, семејствата и секако навивачите. Во еден исклучителен амбиент, во Центарот за Физиотерапија Кинезика, во […]

Третата сезона ја отвори Уве Генсхајмер !

Исклучителна ракометна фигура, ѕвезда, која сме имале прилика да ја гледаме често во дуелите од Лигата на Шампиони но и од светските репрезентативни натпреварувања. Уве има титули од бундеслигата, француската лига, медали од европски, светски и олимписки натпреварувања. Препознатлив стил и енергија на теренот. Тој е пример на спортист од кого многу можат младите да […]

Јовиќ: Ќе симнеме еден скалп во Лигата на Шампионите !

По неуспешните епизоди со Агрономот и Викингот, управата на Пелистер го сврте листот. Ангажманот на Јовиќ, џекпот ! Како овој ученик на Червар, влезе тивко а крена многу прав. По 18 години пост, Битола повторно се радува на шампионска титула. Кои се неговите принципи, ставови и планови. Како гледа на новиот ултимативен призвик, Лигата на […]

Кадетите одат на Светско !

Сигурно еден од најдобрите Македонски леви бекови, Раде Стојановиќ е на чело на Македонската ракометна кадетска селекција. Минатата година во краток период создаде сериозна селекција од Македонски таленти. Успехот во Рига, пријателските натпревари и подготовките за светското. Како се справува со предизвикот, кои му се постулатите, какви се плановите, дали има таленти, соработката со Бранче, […]

ПАСИВНА, Судиски Неправди со Славе и Џоле

Често ние навивачите со прст покажуваме кон двајца актери на теренот во црно (се почесто и во други бои). Во специјалот ПАСИВНА со помош на двајцата најдобри ракометни судии на светот, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, се обидуваме да разјасниме многу спорни ситуации. Под лупа го ставивме судењето на натпреварот Македонија-Португалија, но прокоментиравме и уште […]

Кирил Лазаров: Ние веќе успеавме и ќе бидеме се подобри !

Фото Режија Македонија во спортот има еден GOAT, најдобриот ракометен десен бек на сите времиња! Неговите рекорди, постигнати голови на едно Светско Првенство и прво место на вечната листа на постигнати голови во Лигата на шампиони, долго нема кој да ги загрози. Како Кире се снаоѓа во новата улога, кои му се предизвиците, има ли […]

Илија Темелковски, Глави не смее да се сечат !

Најголемите успеси на Македонскиот младински ракомет се врзани со неговото име. Икиќ ја одведе Македонија до 4 то место на Европското во Полска 2002 година и до 6 то место на Светското 2017. Под негова палка се развиваше и сениорската репрезентација. Како стигнавме до тука и како понатаму, дали има надеж и кога повторно ќе […]

Начевски и Николов, Суперлига од 10 екипи за доброто на Македонскиот ракомет !

Да се биде прв во светот е навистина голема работа. Македонија за среќа родила такви синови. Славе и Џоле, со години се дел од кремот на светскиот ракомет. Ние пак од САМО РАКОМЕТ, сме привилегирани да имаме такви пријатели, соговорници… Уживајте