8 причини зошто Ангеловски може да биде добро решение за Пелистер!

Фото РК Мултиесенс Прво, затоа што сме добри пријатели. Во светот на конекции и познанства, одамна е лицемерно да се затскриваат релациите. Второ многу позначајно од ова првото, е дека Пурино не живее од ракомет, напротив тој живее за ракометот! Сериозна предност и дистинкција од голем број ракометни глобтротери кои многу повеќе размислуваат за иднината […]

Ако одам во Битола …

Фото РК Еурофарм Пелистер Паузава од Лигата на Шампиони добродојдена. Да се погледне од позиција кога водата е избистрена. Иако кога станува збор за Ракомет и за Битола, практично е невозможна таква состојба. Натпреварот со Кил, на некој начин многумина го видоа како лечење на раните од првите две кола. Долго Пелистер беше во игра, […]

Струга версус Добој

Фото Точка Зошто во Добој гостува Барселона а во Струга Панчево?Искрено не сум бил ни во Панчево ни во Барселона но разликата е значајна. Да почнам најпрво од пресот, иако уредно најавен со поканети десетици редакции во АМС на 8 кат, никако неможеше да почне. Столчиња недоволно, како да знаеле дека едвам 2-3 новинари ќе […]

Илинденски предизвици

Фото Ласко Џуровски Денес е најголемиот Македонски празник ИЛИНДЕН, а зборови тешки ме мачат. Освртот треба да биде ракометен а не политички. Но тешко е Македонците се исправени пред страшни предизвици, со векови се обидуваат да не асимилираат, премислат, одвратат, убијат, затворат, разделат … боли колку мака има овој мал народ истрпено. Со годините и […]

Kраток ракометен брифинг

Фото РФМ Сезоната која измина, на домашно, европско и светско “тло” од ракурс на македонскиот ракомет, подоткри една низа знаени и незнаени недостатоци. Дел системски, дел стекнати, дел наметнати. ЕХФ пак, таква каква што е, елитистичка, спора, тромава и кусогледа, го разоткри своето лице уште повеќе. Неможам да ги оттргнам мислите од последниот Ф4. Навистина […]

ГОТОВО Е !

Фото РК Еурофарм Пелистер Пелистер е ракометен Шампион на Македонија. А ракометната сцена, со поинаква сценографија, со нови ликови во главните ролји, нови режисерски имиња. Титулата беше освоена во Битола, на сите им беше јасно дека ерата на Вардар заврши. Просто некако природно се поставуваа работите. Во обид да ги прогнозираме и предвидиме настаните, што […]

Ракометот некогаш беше витешка игра

Фото Фејсбук МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ А светот беше пристојно место за живеење… Некаде на почетокот на Нултите, мојот драг пријател и ментор Димитар, замина во Америка, во потрага по своите соништа и остварување на своите амбиции. Беше гладен за докажување, а уште тогаш свесен дека овде на Балканите е претесно за него. Не […]

Германија, ветената земја

Македонската ракометна репрезентација во јануари 2024 година ќе го има своето осмо учество на Европските првенства. Таму досега сме настапувале со скромен успех, иако ја паметиме и епската 2012, во Србија кога бевме легендарно високо 5 то место. Имено, досега сме одиграле 37 натпревари и сме забележиле 24 порази, 5 нерешени и само 8 победи, […]

2 години САМО РАКОМЕТ

Од моментот кога Фичорски ми прати порака СТРАНАТА СЕГА Е ЖИВА, до денес работите станаа многу појасни. 364 напишани текстови, прегледани безброј натпревари, во сала, на кадетски, младински, Прва лига, Супер лига, Лига на Шампиони, Европа Лига, квалификации, СЕХА лига, мажи и жени, европски и светски, Куп натпревари, пријателски … 45.000 читатели прочитале барем една […]

Славните денови на Македонскиот ракомет…

Се минато ! И не само како заклучок извлечен по вчерашните очајни претстави на двата и историски гледано најдобри Mакедонски тимови, туку и како дедуктивно извлечен заклучок од активностите на сите Македонски клубови во последните три сезони. Ќе почнам одзади. Ниту еден клуб сем Вардар и Пелистер, а имаше неколку кои грчевито се бореа за […]