Вардар одигра интензивен натпревар со германскиот гигант Кил во ЛШ во средата вечер во зовриената Јане. Првото полувреме лошо за двете екипи но сепак Вардар на полувреме со +3.
Веќе во првиот напад домаќините можеа да зголемат на сериозни +4, тоа и се случи но голот беше поништен. Погледнете :
Мојот омилем спорт од сенка, НФЛ, последните години воведе една прекрасна позиција, NFL rules analyst, искусен и одличен познавач на сите правила од играта.
Ние во саморакомет на таа позиција за наша среќа го имаме нашиот Аналитичар на правилата, Ѓорѓи Начевски.
Пробивање, одбрамбениот играч се движи и со ногата и со раката. Тој не е статичен и со тоа не му дозволува на одбрамбениот играч да помине. Ногата е испружена, а за правилен блок потребно е нозете да се во линија со рамењата !
Вардарци ќе мора да почекаат до нова победа против Кил.