На почетокот на новата сезона се соочуваме со стара болна тема. Повредени играчи.
Кои се причините, може ли да се превенира, како да се третира, како побрзо играчот да се врати на теренот? Прашања што ги мачат сите, играчите, тренерите, управата, семејствата и секако навивачите.
Во еден исклучителен амбиент, во Центарот за Физиотерапија Кинезика, во центарот на Скопје, јас и Бице бевме на гости кај Александар Димитровски, физиотерапевт кој на цела проблематика пристапува исклучително сериозно и со мултидисциплинарен приод.
За и нашиот приод да биде посеопфатен го поканивме и еден од најлегендарните Македонски кондициски тренери, Златко Јанакиевски или Злате Кеј. Неговото долгогодишно искуство во работа со огромен број на спортисти како рекреативци така и врвни Македонски спортисти, со акцент на тренинзите по враќање од повреда, е исклучително големо.
Погледнете …