Со манир на шампиони

Со секој натпревар очекувањата растат. Новиот селектор знам подготвува нешто. Овојпат се чувствував како навивач на тим кој сигурно победува. А незнаев како. Па можевме само да погодуваме. Убавината во сите сегменти може да се најде, само треба да се побара.

Да речеме дека фаворитите кога експериментираат и се штедат го добиваат натпреварот во последните 15-20 минути. Така и беше. Можеби грешам но ако е така, чиста десетка за воспитните за ѕвездите во подем, Танковски но пред се Костески. Капа доле за новиот мој миленик Игор. Капа доле за Кире кој му даде до знаење дека има ветар во грб. Капа доле за Кире кога ротираше на пенал. Капа доле за Макеоднија и за играта во одбрана. Примивме 22 гола, според анализата Финска постигнува повеќе, 24 по натпревар. http://samorakomet.mk/catch-the-match/odime-vo-finska/ .

Паметам кога за вакви натпревари следеше коментар дека непотребно се потрошивме, овојпат мислам дека не. Игравме онолку колку што треба, можевме да пробаме се што сакаме и да сочуваме нешто и за против Швајцарија. Со нетрпение го очекувам тој дуел. Ќе видиме нешто ново знам. Да немаше финскиот за мене анонимен голман свој ден од соништата со 25 интервенции, да не промашевме неколку пати празен гол, да не бевме на 6 од 12 пенали, којзнае како ќе гласеше резултатот.

Одиме напред сигурно и слатко. За селекторот задача како да ја подобри ефикасноста, да поразговара со Талески на тема ракомет да или не, во очекување на поразот на Данска од Швајцарија, во моментов е 25:25, со срце за Македонија !

28.04.2021 Кокс Арена Рихимаки, Финска

ЕХФ ЕУРО 2022 Квалификации 5 то коло

Финска 22 Македонија 27

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...