Алкалоид патентира лек за Ла Риоха!

Фото РК АЛКАЛОИД

Плодовите од макотрпната работа пристигнаа.

Македонскиот претставник во ЛЕ, РК Алкалоид, во последното 6 коло од групната фаза дојде до својата прва победа. Историска за клубот фромиран пред само 2 години, но интересно само втора за Македонските претставници во европа годинава. Тиквеш дома во квалификациите во европскиот куп и оваа на РК Алкалоид.

За жал овој прекрасен натпревар во живо го проследи малубројна публика. Македонската спортска јавност прилично незаинтересирана, ако на тоа ја додадеме и полупразната сала во Битола во последниот натпревар со Пик Сегед во Лигата на Шампиони, се поставува прашање, дали клубовите се сакаат само кога победуваат, или е можеби нешто сосема друго во прашање? Општествениот амбиент е толку лош, што на луѓето едноставно не им е до ништо?

Но за ова прашање на некоја друга платформа.

Алкалоид конечно изигра онака како што сите посакуваме. Да, имаше повторно низа недостатоци, но овој пат надминати и анулирани од добрите страни.

Фармацевтите имаа расположен голман за време на целиот натпревар во ликот и делото на Македонската голема, два на два, надеж Галец. 19 годишниот Иван Галевски, го запознавме пред некоја година, во репрезентативниот дрес го најави својот потенцијал, а сезонава ги искористи сите минути доверени од Лазаров. Синоќа 60, мирна глава и добар рефлекс му донесоа 17 одбрани со безмалку 40% одбрани.

БРАВО “мали” !

Марко Митев е следниот. Ова дете излегува од стандардите на досегашните Македонски плејмејкери, дрзок, брз, експлозивен, одличен шут, а она што во последно време се повеќе ме воодушевува е чувството за асистенција. Марко продолжи да работиш и верувам уште долги години ќе ја радуваш Македонија.

Во се попозитивно светло го гледаме и Марко Стојковиќ, дека и тој привлекува внимание зборува и фактот дека коментаторот на арена веќе го прогласи за српски играч, и му го смени името во Александар, но и ова е тема за онаа друга платформа.

Има промени и на клупата. По почетната нервоза, Лазаров е се посмирен, очигледно е дека клупата му станува комотна. Подобро како што и самиот на пресот кажа, ги запозна можностите и на играчите и на тимот, па сега и помудро ги води.

Должни ни останаа Џонов, кој имаше лоша реализација, а знаеме дека може подобро, Ѓеоргиев и Бинго.

Остануваат и болките за кои сме свесни дека се од неискуство, трема па можеби дури и возбуда. Статистички лошо, очајно, изведување на пенали 0 од 3, технички грешки високо над некој просек од 7-8, за кој сме свесни дека ги прават и големите екипи. Фармацевтите забележаа по статистиката на ЕХФ 15 изгубени топки и 12 технички грешки. Еве ветувам, викендов ќе ја прегледам снимката и ќе се обидам да ги пронајдам.

Последно, но не помалку важно се однесува на судењето. ЕХФ засрами се ! Нивото за кое ние сме навикнати да го гледаме во Македонските младински лиги, овојпат во елитно европско натпреварување.

EHF shame on you !

Настрана се, честитки за Алкалоид, им посакувам успешна сезона, помалку повреди и со нетрпение ќе го очекувам плеј офот.

Во Скопје, главниот град на државата во која насилството и криминалот за жал се легални !

РК Алкалоид 28:27 Ла Риоха

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...