Clash of the Titans

Старогрчките богови одамна познати по прилично агресивен темперамент. Екранизирани до бесвест, им создадоа компекс на модерниве грци. Но темата сакав да ја спојам со вчерашниот натпревар на неделата.

Врвниот спорт одамна е сериозен бизнис. Американскиот фудбал е можеби најинвентивниот, а со тоа и спорт со најголеми приходи. Па така четвртокот навечеr е резервиран за Thursday Night Football . Дали тоа беше инспирацијата или не, секако пофалби за ЕХФ за потенцирање и издвојување на еден дерби натпревар.

Очекував еуфорија, искри на сите страни, по некоја капка крв, многу врвни потези.

Но баш и небеше така. Во една по ковид протокол така така пополнета Блауграна, како билетите да ги добиле пензионерските здруженија од околината на Барселона. Тивко и мирно безмалку цело прво полувреме. Таа штамата како да ги збуни и играчите, па за прв пат видов толкав број на технички грешки, промашени шутеви и благо дезориентиран, најмалку еден од двајцата врвни тренери. Бековите скоро сите со процент на шутеви како температурата на плажите во Шпанија, ама моменталната. Па ние на Талески маста му ја вадиме кога човекот ќе промаши две, три.

Она што беше во согласност со насловот беа голманите. И Варгас и Жерар бриљантни. Вториов малку на крајот подзастана и така всушност Барса дојде до победа. Не беше тоа единствената разлика. Пензионерите си ги испија вечерните терапии па видоа дека се на дерби и благо се вклучија. Посебно кога се активира и вонсерискиот Дика Мем. Барса покажа и пристојна агресивност во одбраната, видовме и капки крв на лицето на рагбистата Пранди, и тоа беа трите клучни фактори за победа.

Останува сеуште нејасна мисијата на за нас омилениот Ел Команданте, во Париз. Тој делува прилично загубено. Веќе во првото полувреме во -1 ситуација го потроши вториот тајмаут, а последниот во релативно рана фаза од второто полувреме. Влечеше замени како наш Жељко, и генерално изразот на лицето му беше како ден после журка на која баш и не се сеќава.

Барса и без Циндриќ стабилна, цврсто и на врвот на табелата. А ПСЖ? Со идентичен скор како и Вардар. Дали милионите се погрешно вложени, дали ростерот не е погоден или како што на еднен прес заклучи Тимур, едноставно не работат доволно добро !

22.10.2021 Блауграна, само 7 дена помлада од мене

ЕХФ Лига на Шампиони 5 то коло

Барса 30 ПСЖ 27

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...