Едноставно, Јим Готфридсон!

Возбудата не изостана и на вториот натпревар. Но она што ми го одвлече вниманието беше нешто сосема друго.

Ако сите ракометни сладокусци останаа без збор за играта на малиот Лук Стеинс, а ние во Скопје постојано сме во потрага по среден, како спас за Вардар, како можеме наједноставно да го опишеме Јим или по нашки Џим Готфридсон.

Блек Стена на место плејмекер, Јим е новиот Карабатиќ, запрете го ако можете.

Тоа што овој човек го прикажува ги руши стререотипите на ракометот. Тој е висок скоро 2 метри и тежок безмалку 100 килограми. Еве и да не пребарувам по статистичките категории, верувам дека доминира во неколку.

Таков преглед на игра, таква снага и сигурност едноставно без конкуренција. Џим игра на позиција среден и едноставно е врв.

Вториот момент е за резервниот состав на Шведска. Луѓе мои па нема ни една година кога сите ги отпишувавме од светското поради еден куп откажувања. И на ова првенство постојано со недостатоци, но резервистите врвни.

И ако старата дека добар голман е половина тим многумина не ја сакаат предлагам да ги погледнат само последните минути, ништо повеќе. Но сепак да не останам само на празни зборови еве малку и статистика. Жерар и Парди за Франција вкупно 4 интервенции со 11%, Паличка и Јоханесон 14 со 30%. Разликата е енормна.

Французите се мачеа цело првенство, несомнено дека пласманот во полуфиналето не го заслужија, но покажаа неколку нови имиња на ракометната сцена.

Шведите веќе еднаш имаат комплетирано три титули по ред, и сега ќе се обидат во потерата по својата рекордна петта, да ги сопрат шпанците во походот на нивната триплета.

Нека победи в недела подобриот.

28.01.2022 Будимпешта ЕХФ ЕУРО 2022

Франција 33 Шведска 34

ФОТО ЕХФ

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...