Еленски скок !

Еден момент од историјата на автомобилската индустрија поврзан со успехот и неуспехот неколкупати ми помогнал во донесување на правилна одлука, исправен пред тешки животни одлуки, и оставен во недоумица по кој пат да фатам.

На 21 октомври 1997 година Мерцедес А класа падна на тестот наречен Еленски Скок . Mерцедес првично го негираше резултатот од овој тест, но потоа презема чекори на повикување на веќе продадените примероци во сервис, како и запирање на продажбата за три месеци. Проблемот го решија со воведување на ЕСП системот за стабилност, и промена на системот за амортизација. Компанијата потроши 300 милиони германски марки . Она што ме остава и ден денес без збор е маркетиншката кампања!

Имено довербата беше сериозно разнишана во беспрекорната германска инженерска генијалност. Што направија тие ?

Го ангажираа контроверзниот тениски Ас Борис Бекер и снимија реклама во која тој играше тенис, паѓаше скокаше плачеше се бореше … пораката беше:
После секој пораз станувам се посилен !

Изгубивме и денеска, не крај на светот, губевме и кога бевме најјаки, ќе губиме и во иднина !
Најважно е да ја истресеме прашината, да се реорганизираме, да ги вклучиме вистинските луѓе во ракометот, па ако треба и да купиме некој странец и после Египет да бидеме посилни !

Виктор Христоски

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...