Формирањето на големата Тројка

Фото РК Алкалоид

Тезата на Бице дека во Македонија за прв пат има три легитимни кандидати за титула, синоќа во Скопје беше потврдена.

Секунди ја делеа ракометна Македонија од сценарио кое никогаш не било напишано а можеби ниту замислено, на 5 кола до крајот 3 екипи да бидат во борба за титула.

Алкалоид од натпревар во натпревар игра се поквалитетно. Синоќа во Автокоманда, во добар дел од натпреварот одбраната беше одлична, жестока, на раб на груба, вистинска домашна. Кога во игра беа заедно Марковски и Младеновиќ, најдобра. Проблемите за Алклоид настануваа кога Лазаров ротираше. Пелистер во фазата на одбрана на моменти одличен, со Атанасијевиќ на двојка и најсигурен. Понекогаш, густината создаваше сериозни проблеми за нападот на Алклоид.

Во нападот видовме исто така различни изданија. Во добар дел нападот на Алкалоид поинвентивен, со брзите бекови и поефикасен. Од друга страна пак моќта на Пелистер претставена преку искуството на бековите, снагата на Хосни и Хенеберг и мудрото проигрување на одличните Василев и Пешевски.

Кај домашните, хендикеп беше неиграњето на Џонов, повредите на одличниот во одбрана Ивановски и еден од тројцата сениори Петров, како и врвната одбрана против Серафимов. Кај битолчани главен хендикеп фокусот на судењето, непотребните изливи од клупата па и од одреден број на играчи. Голем дел од својата енергија ја потрошија во театрални протести кон судиите. Да можеби имаше и по некоја погрешка, но поодамна сме сфатиле дека ракометното судење не е воопшто лесно. Пелистер како и Вардар во одреден дел од натпреварот можеби ги потцени домашните, па развојот на натпреварот лесно можеше да отиде во за нив несакан правец.

Она што мене ме импресионира сепак е интензитетот на натпреварот, ненавикнати да гледаме вакви дуели во домашното првенство, подзаборавивме дека е можно да се гледа добар ракомет а тоа да не е Лига на Шампиони. Колку овие два тима се подготвоени за таков предизвик ќе дознаеме веќе во наредниве неколку сезони.

Следува еден релативно тивок првенствен дел, за потоа во Битола да дојдеме до кулминацијата. Натпреварот Пелистер Вардар кој ќе ја реши титулата.

Честитки на крајот упатувам кон Митев, Ѓеоргиев, Младеновиќ и “малиот” Галевски од една страна и Костески, Атанасијевиќ и неправедно запоставениот Кизиќ од друга страна.

Во дуелот на фармацијата и веледрогеријата, во Автокоманда, 13.04.2023

Алклоид 27:28 Еурофарм Пелистер

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...