Македонија мудро против Данска !

Откако во четвртокот се најдовме во центарот на ракометното збиднување ширум ракометниот свет и ја остваривме една од најслатките победи, а Капитенот во тројна улога го крунисавме, денес со насмевка го испративме реваншот.

Вкусот на победата ништо неможе да го расипе. Напротив Селекторот го одржа ветувањето и без да ризикува им овозможи на младите сили да го почуствуваат дуелот со светските шампиони. Ова беше одлична шанса за плеадата таленти во надоаѓање, Ѓорговски на лев бек, Ѓорѓиев на центар, Аларов на пикер, Кузмановски на лево и Костески на десно крило, како и Серафимов кој да не заборавиме покрај сето искуство има само 21 година.

Ако по утрото денот се познава, очекувам доолг и убав ден !

Со срце за Македонија

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...