Металург во длабокото

Дека во Металург работите не се добри не е тајна. Всушност сите знеме дека проблем се парите. Клубот се мачи со стари долгови, нови спонзори никаде нема. Во таква ситуација најтешко им е на тренерите и играчите.

Вечерва немаше дури ни редарска служба, официјалниот сајт е згаснат, а за сликата да биде комплетно лоша се погрижија и високо мотивираните и одлично подготвени битолчани. Тие беа свесни дека Металург е на колена, со нешто налик на ростер од деветмина играчи.

Во описот на ситуацијата за Металург сакав да додадам дека играат и со маици, но навистина беше изненадувачки фактот дека и гостите настапија во бели маици. Па така во суперлигашкиот дуел на двете екипи во маици победија белите а изгубија сините маици.

Битолчани беа дојдени по скаплот на Металург, нешто незамисливо пред почетокот на сезоната. Металург пак кој конечно имаше нешто налик на ростер, мешавина од двајца супер ветерани неколку млади сили и тројца непроверени странци, сакаше конечно победа. Хорват повторно покажа врвна класа и тој е несомнено срцето и душата на овој тим. Централниот бек од братска Турција единствено покажа партија која ветува. Скопјаните нападна преку пикер, каде повратникот Петров очигледно е добро засилување, но проблемите се редеа во одбраната пред се. На голот искусниот Дупјачанец одвреме навреме даваше импулс, но кога линиите во одбраната тешко се поврзуваа, тој често беше на отстрел.

Од друга страна навистина беше задоволство да се види една енергетски високо поставена, млада екипа. Во неа плејада момци кои атакуваат на државниот дрес. На крило Кузмановски, лево Ѓорговски и Атанасијевиќ, на центар рестартираниот Диме Димитриовски кој ја носеше екипата до победа. Солидна партија и за екс младинскиот репрезентативец на пивот а некогашен металург Арсениевски. Од момците кои ѕиркаат на вратата на Лазаров секако и одличниот потенцијал од Автокоманда Петковски на крило.

Натпреварот долго беше во егал, екипите играа брз и допадлив ракомет, се менуваа водствата, но во последните мигови сепак Димитриовски и со неколку интервенции ветеранот Трајковски ја одведоа својата екипа до сигурна победа.

За Металург следат тешки моменти, а за Битола и за македонската репрезентација со вакви потенцијали би требало иднината да е светла.

19.09.2021 Автокоманда

Супер Лига

Металург 28 Еурофарм Пелистер 2, 29

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...