Ова е натпревар кој сериозните кладилници го тргаат од листата. На сите им е совршено јасно дека Вардар ќе загуби. Нормално како и се однапред предодредено на неуспех и ова беше болно за гледање.
Очекував Вардар, чесно да изигра едно полувреме а потоа во ротација да им даде шанса на младите. Одлична можност за контрола на квалитетот на материјалот од кој е изграден подмладокот.
Но за жал видовм беда и очај, како во најголем број од овогодинешните натпревари. Младите влегоа кога моралот и атмосферата беа уништени. Па од нив не видовме безмалку ништо.
Фрапантен е податокот дека руското дуо беше пуштено на најјако. Факт е дека Тимур со години е врвен професионалец и верувам дека ова него тешко му падна. Па со неколку промашувања, луцидни удари кои обично ги погодува успеа да го ублажи своето влијание. Но Глеб, Глеб е друга приказна. Изигра безмалку маестрално, очигледно никој не му кажа што треба да се случи.
27.04.2021 Нови Сад Војводина
СЕХА ЛИГА
Војводина 33 Вардар 24