Пик Сегед го победи Вардар !

Фото РК Вардар

Ова воопшто не е вест,

но е потврда на моменталната крвна слика на македонскиот шампион. Со покачен крвен притисок, но со огромен недостаток на еритроцити (во случајов бекови), еден ваков Вардар вчера покажа неколку од елементите потребни еден тим да биде шампионски !

Жар, срце, упорност, херои !

Видовме модерен брз ракомет, видовме одличен голман, видовме борба за безмалку секоја топка !Разочарувачки бодовно, но максимално охрабрувачки со прикажаното, Вардар потврдува зошто е со години во кремот на светскиот клупски ракомет !

А кога крвната слика ќе се стабилизира, ќе може да очекуваме многу поголеми нешта.

Цел живот една љубов !

ЕХФ ЛШ 18.02.2021

ПИК 34 Вардар 33

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...