Еден дуел во кој порано летаа искри на сите страни денеска помина тажно за црвеноцрната армија !

Полека завршува една од најлошите вардарови сезони во европските купови и секако најлоша во поново време. Останува Вардар да го изигра реваншот во Унгарија кој ќе биде повеќе од чиста формалност.
Не е Вардар толку плиток ниту играчки ниту организациски но подготвен е за ремонт. Ние машинците сме подготвени за ремонт на 4 тактниот мотор по изминати 300.000 километри. И тоа е процес кој треба внимателно да се подготви и испланира а уште повнимателно да се изработи. Резултатот од ремонтот знае да биде разочарувачки.
Вечерва Веспрем беше апсолутен фаворит, говоревме за тоа ВАРДАР го пречекува Веспрем, и иако натпреварот почна прилично конфузно, брзо дознавме кој е кој.
Одбраната на Веспрем гранитна, и ако поминеше некој шут фантастичниот денес Коралес имаше лек. Вардар имаше поразителен шут 27 од 53. Играа цврсто и грубо па на моменти и со двајца исклучени сепак наоѓаа решение во нападот.
Во 17 та минута безмалку се беше решено, Алушевски очајно бараше решение но тоа не беше ниту на хоризонтот. На полувреме превисоки 21-11. Толку
Вардар ќе ја заврши сезоната со разочарувачки за него само 2 победи и 2 нерешени, а за утеха ќе биде фактот дека пред почетокот на сезоната осминафиналето беше цел која впрочем е исполнета.
На крај превисоки 27-41 за Веспрем и ако нешто вечерва воопшто беше убаво тоа е моментот дека повторно ги видовме нашите Манасков, Мораеш, Шишкарев, Борозан, Диме, Марија и Дејвис.
Скопје Македонија 01.04.2021
ЕХФ ЛШ
Вардар 27 Веспрем 41