
Коментарот ќе го започнам и ќе го завршам со една статистичка категорија ИЗГУБЕНИ ТОПКИ .
Легендарно контроверзниот Червар бараше од играчите да ја почитуваат топката. Играчите на Вардар денеска не ја почитуваа топката !!!
Имаа статистика од рубриката верувале или не, значи верувале ние или не тие имаа 20 со букви ДВАЕСЕТ изгубени топки. Се што авторот на овој текст понатаму ќе сака да сподели губи на значење после ова вонсериско постигнување на вардаровите играчи. Инаку исто така верувале или не на овој натпревар имаше и добри моменти, па така Вардар отвори феноменално со одлична одбрана и конкретен напад па поведе со 5-1. Борко бранеше феноменално, бранеше зицери, пенали, бранеше се што треба да одбрани, Дибиров беше оној правиот, очигледно дека ангажманот на Шеваљевиќ ќе биде многу добар потег.
Вардар покажа делумен карактер на шампион па неколку пати се враќаше од длабока негатива. Покажа дека може да игра во одбрана и дека не се плаши од 7 на 6. Можеби имаше уште некој светол момент но 20, ДВАЕСЕТ изгубени топки засенуваат се.
Во моментов реалноста е сурова, ростерот е краток како никогаш порано, Талески и Гаџа се далеку од нивото на еден европски Шампион, Вујин е под знак прашалник, а за Алушевски и неговите квалитети како стратег, педагог, мотиватор и лидер ќе оставиме времето да покаже. Она што со сигурност може сега веќе да го потврдиме е дека Вардар нема клупа и тоа ќе биде сериозна задача за до крајот на оваа сезона.
Вечерва во Порто не гледавме врвен ракомет, Вардар можеше и мораше да изигра помудро бидејќи Порто е далеку од европските топ тимови.
За Вардар и во пораз и со 20, со букви ДВАЕСЕТ изгубени топки