Статистиката никогаш не лаже!

Фото РК Еурофарм Пелистер

Пелистер загуби од фаворитот Берлин. Очекувано и разликата не беше така мала. И германците се подобар тим, имаат поширок ростер, имаат подобар ритам во сезоната и верувам и подобра сала.

Она што низ статистичките податоци запнува за око е следново: Двата тима имаа упатено подеднаков број на удари кон голот, 54.

Епа каде е тогаш разликата?

Далеку е зимата за Пелистер, има многу работа пред него. Работа за стручниот штаб, работа за играчите индивидуално, работа за општината, само Чкембарите се константа.

Она што е добро за македонскиот ракомет е придонесот на неколку наши ракометари. Танковски расте од натпревар во натпревар, Пешевски злато вреден, Костески го крева процентот, а највредно од се е постигнувањето на малиот Павле. Тој ги игра минутите од витална важност за неговиот напредок.

За око ми запна уште една, па и таа е статистичка категорија, годините на двајцата стратези ! Нашиов Ларс има 57, иако личи како да ги преживеал двете светски, и нивниот, малион, Јарон Сиверт кој има само 28 !

Дали времето го прегазило или малиов е вундеркинг, ќе видиме во иднина, но факт е дека во една изјава Тимур Дибиров рече, преценета категорија е искуството, денес е важно само знаењето !

На Ларс еднаш му упативме предупредување, сега втор пат, иако беше јасно кој е кој, не смееше да дозволи натпреварот да го предаде без борба, едно исклучување за цел натпревар, дома, против ѕверки, навистина е сомнително!

Шанса за поправка на впечатокот веќе следниот вторник, факт е дека на тимот му недостасуваат неколку од засилувањата но дуелот против тимот кој место да ја брани татковината ужива во Германија, ќе одговори на неколку нови прашања.

Ние кандидат за клупата имаме !

22.11.2022 Под Тумбе Кафе ЕХФ Лига на Европа

Пелистер 34 Фуксе Берлин 43

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...