Втор пораз за Македонците на европското првенство

Фото РФМ

Во навивањето, а тоа добрите навивачи ќе Ви го признаат, освен победа се друго е неуспех.

Постојат ситуации кога нерешен резултат може да биде доволен, кога и пораз под одредена гол разлика значи напредок, но за вистинскиот навивач секогаш само победа го исполнува срцето.

Македонските спортски колективи, клубски и национални, со децении не навикнаа на порази. Исклучоци имаше и тие нели го потврдуваа правилото. Кометал Ѓорче и Вардар во ракомет, Јака Радовиш во борење и тука завршува нашата листа на Шампиони. Можеби нешто пропуштив но генерално тоа е.

Изблици од типот 4 то и 5 то на европско, пласман на еуро или елиминација на гигант Италија во фудбал, победа во одбојка или во ватерполо се само далечно ехо на некој дистописки настан.

Доаѓам до вчерашниот пораз од Германија. Болен и тажен сам по себе, но не различен од сите Македонски спортски порази во минатото. Да некогаш поскапо сме ја продавале кожата но да, никогаш не сме победувале гиганти во континиутет. Впрочем ракометно сем победата над Данска во квалификации и можеби над Русија одамна на едно светско, ние тим од првиот ешалон немаме победено.

Навивачки пак, Македонските екипи од нас го ваделе најневозможното и од нас направиле најспецифичен профил. Ми одзвонуваат стиховите на крајот на Вардаровата ера, И кога ќе изгубите нема да Ве оставиме

Од поразот од Германија издвојувам, не се боревме докрај, а видовме дека деца за тепање неколку имавме, неколку од новите потврдија дека не е битно дали си млад или стар искусен или не, постарите потврдија нешто за кое размислував и лани после Краков, потребен е REBUILD.

Термин од англиското говорно подрачје, кој најчесто го среќавам кај моиве НФЛ франшизи. Термин кој означува крај на еден лош период за еден тим и почеток на изградба на сосема нов тим, организациски, структурно и пред се персонално. Па така најпросто кажано, сопственикот назначува нов ГМ кој има одврзани раце да состави тим, пред се менувајќи и ослободувајќи се од од најскапите а најмалку продуктивните играчи и тренери се разбира, селектира нов Квотербек и гради екипа околу него.

Со прости зборови од ракометен Македонски ракурс, преведувам, време е да им се заблагодариме на Талески, Кузмановски, Велковски и Марковски, нивното помина. Време е да избереме нов квотербек, оти после Лазаров таков немаме а на оние на кои им ја дадовме задачата едноставно немаа успех. На Македонија и треба нов лидер со нова енергија околу кого ќе ја градиме иднината.

Оти статистиката не е на наша страна по овие два дуели, независно од големината на противникот. ЕХФ се потрудиле па извадиле некои за мене навистина интересни статистички податоци. Факт е дека некои и се погрешни но ќе им простам, бирократија се.

По вкупен број на одбрани сме 18 ти, слабо, број на пасови 6 место, но анализата укажува на тоа дека екипите кои имаат по две победи имаат најмалку пасови. По истрчани километри сме 10 ти, значи трчаме, по ефикасност сме 11 ти а по број на дадени голови 15 ти, така така. Она што не убива е категоријата изгубени топки, тука сме шампиони Први, како и категоријата посед на топка каде сме на неславното 23 то место.

Натпреварот со Швајцарија дефакто ќе биде вистинскиот показател како понатаму.

ПС Во рибилдот оставам место за Фитиљот. Уште чувствувам дека има штоф во него.

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...