Какво полуфинале !
Започна нервозно, ПСЖ под огромниот свој притисок, Олбор малку збунети од настанот. За девет минути само 3 гола видовме. Гигантот сепак профитираше.
Започна Раул со агресивна и убава одбрана. Атлетата Наи го фрустираше Сандел на десно. Голманите одбранија по нешто, но сепак тука застанаа. Олбор заигра и 7 на 6 па полека влезе во натпреварот. Но сепак немаа решение за лалето и за одличните француски пикери.
Од другата страна, Мелгард и Клар го држеа Олбор во живот. Раул делуваше смирено и самоуверено, но паника немаше ниту на другата клупа.
Второто полувреме по терк на првото. ПСЖ ја крена играта во одбрана и се одлепи на 5. Раул комбинираше безмалку цел состав па во игра го видовме и Никола Карабатиќ, но без посебен импакт.
Е во еден момент, од нејасни причини темпото страшно се крена. И тогаш скандинавците во ритамот на Кристенсен и Сандел, потпомогнати со изненадувањето на голот Симон Гаде, го свртеа резултатот.
Хансен по милионити пат беше изгубен, зад Оливер Драгоевиќ очилата на тренерот Мадсен почнаа да светкаат очите, една шрауба на Соле за момент ни ги зема воздишките, но кучињата беа пуштени.
Фантастична победа за Олбор, за Раул тема за размислување, сепак во Македонија животот е поубав.
Полуфинале во крепосната тврдина
12.06.2021
ПСЖ 33 Олбор 35