Фото Еурофарм Пелистер
Неможам да се дистанцирам од политичките состојби. За љубов се потребни двајца, за кавга исто. Русите се лоши, Украинците добри? Се прашувам зошто се сместени 2500 километри од дома?
Во студенилото на дизелдорфската сала, црвената боја на верните македонски навивачи ми го стопли срцето. Колку е болно кога сиот таканаречен европски цивилизиран свет е лицемерен. Од една страна црвените непризнаени македонски знамиња, развеани од непризнаениот македонски човек, од друга страна, жолто плавите за кој епови се пишуваат.
Ракометот што се играше, прилично неубедлив. Се обидувам да ги најдам разликите во играта на Пелистер со Аљушо, со Бабиќо и со Валтеро?
Дали тој, Валтеро, од емпатија беше ја замолил екипата да не притиска, или просто толку се можностите, незнам. Факт е дека на Пелистер му недостигаат неколку важни играчи, но сепак барем во одбраната можеше да се изигра пожестоко. Токму во одбраната беше најголемиот проблем, па така тимот кој е меѓу последните во втората германска лига без проблем постигнуваше голови. Дали и мојот Вевчански суперхерој помалку се умори?
Блесокот на левиот дански бек, само малку ја менува мојата перцепција за него. Впрочем ќе му оставам уште некоја утакмица фора пред да го оформам конечното мислење.
Важноста на овие бодови е на прво место. И за Пелистер и за Македонскиот ракометен ранкинг. Со оглед на безмилосната политика од ЕХФ кон Македонските клубови, сите ќе мора да се испотиме за да останеме во елитниот ракомет!
Повторно ми недостасуваа акции за крило, дали во нив тренерот нема доверба, дали бековите не го слушаат, или е нешто друго?
Неспорен е моментот дека Македонските играчи растат од натпревар во натпревар а како ближи Светското, нивната форма ќе биде тема на сите селектори кои во моментов ни се на располагање. (м.з. вклучувајќи ме и мене.)
Ах да, ако веќе им го зема на Двојкана, малиот Ѓорговски, редно е да го пушти да игра!
29.11.2022 На големиот екс празник, некаде во Германија
Мотор 30 Еурофарм Пелистер 33