Започна европското првенство во ракомет

Фото РФМ

Во еден навистина несекојдневен амбиент, на фудбалски стадион, започна европското првенство. Честа да ја отворат оваа смотра имаа втората колонијајна сила на сите времиња, Франција и одважната а пренапатена, мала, Македонија.

Европската ракометна федерација се бори, се надевам, да го пронајде вистинското место на Ракометот на светската спортска мапа.

Повлекува потези, понекогаш во очај, неосмелувајќи да загребе под површината на вистинските проблеми. Имено популарноста нема да се зголеми доколку соборува сама со себе светски рекорди за посета на еден натпревар, туку само и само, со решавање на горливите прашања, правила, судии, слобода на пристап до европски клубски натпревари.

На сите ни е јасно дека спортската велесила, Америка бега од ракометот како од ѓаволот, а свесни сме за тоа какви спектакли произведуваат, НБА, НФЛ, MБЛ, НХЛ.

Драги наши тн званичници од ЕХФ и ИХФ, или сте бирократи или кратковиди. Овој наш прекрасен спорт ракомет има огромен потенцијал !

Како и да е самата помисла дека од врвот на трибините може да се почуствува енергијата и да се ужива во потезите кои се случуваат по појасот од 9 до 6 метри, ми ја потврдува тезата за погрешниот курс.

Но можеби и јас не сум во право?!

Натпреварот ни даде неколку прилично неповрзани тематски делови. Делот во кој Македонија изигра прилично убаво и умешно, со поддршка од голманот и капитен Митревски, делот во кој Французите рекоа еј, ај да играме и делот во кој, нашите пред се се однесуваа како да се на екскурзија во Париз, па се воодушевуваа на знаменитостите околу себе.

Јасно е дека натпреварот беше изгубен уште на денот на ждрепката. Верувам дека и силите се штедеа, зошто во спротивно околу четириесетина минути слабокрвност не значат ништо добро.

Од симптомите кои ги барав а не ги добив наведувам, крв немаше, пот регуларна а од солзите ни трага. Мечка не беше двоцифрен но на добар пат беше, пикерски дефинитивно бевме двоцифрени. Никуч во одлично светло, доколку имаше и од првиве желби, крв на пример, верувам дека и процентот ќе му беше многу позначаен. Батакот не се изналета, но и близнакот не се повреди…

Она што најмногу ме боли се изгубените топки, официјално неофицијално фрливме преку 20 топки! Германија загуби 8, Франција 10, а ние 21 !!!

Сонувам ли само јас за едноцифрена бројка?

Радува безмалку рамномерната распореденст на минутажите, растеретувањето на Талевски, влијанието на играта на Џонов, Мечка, Пешевски и Митев, расположениот голман, убавите акции.

Ако судиме по перформансите на останатите наши конкуренти, со Германците може да не чека еден навистина убав дуел, ама да не се предадеме пред време, а со овие “Гастербајтериве” би можеле и да се израдуваме на победа по подолг период.

Во Германија, Македонија изгуби од Франција, за прв пат по подолг период Фалангата беше надјачана ама само квантитативно, а ЕХФ долго ќе раскажува за овој ден.

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...