Едно сосема поинакво Дерби !

Фото РК Еурофарм Пелистер Дека натпреварот во предвечерието на големиот Македонски празник, помеѓу Пелистер и Вардар беше Дерби немаме сомнеж. Но дека беше исклучително различно од сите досегашни Дерби дуели имавме многу показатели. Да почнеме со ред. Вардар се пожали на болест, побара одложување, Пелистер не прифати, но ги повика навивачите да не наседнуваат на […]

Империјата го возвраќа ударот, кон дербито Вардар-Пелистер

Фото РК Вардар Далечната 1980 год. за многумина на овие наши простори, ќе остане запаметена по смртта на една маркантна историска фигура, Тито, но и по премиерата на вториот дел од сега веќе легендарната сага Војна на Ѕвездите, Imperija uzvraca udarac, како што гласеше во “оригинал”. За мене тие два настани длабоко врежани во меморијата […]

“Не знајме кај тераме”

ФОТО РК Вардар Во пресрет на суперкупот, јасни беа две работи: Пелистер е апсолутен фаворит, за младата екипа на Вардар секоја минута е важна. Од денешен пак ракурс, се обидувам да ги пронајдам клучните фактори за расплетот во Струмица. Битола, уште таму некаде во раните девеесети од минатиот век, ме импресионираше со својот дух, хумор […]

Вардаровата крвна слика

Фото РК Вардар Вардар и годинава нема да биде дел од европските натпреварувања. Овојпат не поради административно загадочните мерки на ЕХФ, ами поради неговата реконструкција и секако лоша среќа при ждрепката. Натпреварот изгубен уште пред да започне, јасно зошто, разликите во буџетите и имињата од ростерот, сепак сладок за анализа и прогноза. Толкувањето на крвната […]

Двете ѕвезди Вардарови

В сабота по пауза од една година Скопските Црвено Црни повторно на, фигуративно, европска сцена. Во култната Јане ќе го пречекаат еден од најдобрите германски тимови во изминативе децении, Рајн Некар Левен. Лавовите од Мајнхајм, инаку наши редовни муштерии, овојпат тргнаа на пат без дијазепами. Овој Вардар е сосема нов тим. Долго траеше германската фрустрација, […]

Kраток ракометен брифинг

Фото РФМ Сезоната која измина, на домашно, европско и светско “тло” од ракурс на македонскиот ракомет, подоткри една низа знаени и незнаени недостатоци. Дел системски, дел стекнати, дел наметнати. ЕХФ пак, таква каква што е, елитистичка, спора, тромава и кусогледа, го разоткри своето лице уште повеќе. Неможам да ги оттргнам мислите од последниот Ф4. Навистина […]

ГОТОВО Е !

Фото РК Еурофарм Пелистер Пелистер е ракометен Шампион на Македонија. А ракометната сцена, со поинаква сценографија, со нови ликови во главните ролји, нови режисерски имиња. Титулата беше освоена во Битола, на сите им беше јасно дека ерата на Вардар заврши. Просто некако природно се поставуваа работите. Во обид да ги прогнозираме и предвидиме настаните, што […]

Зеленото се врати во мода !

Некако ми се наметнува, а ние Македонците често сме сведоци дека народната мудрост со векови не одржала, поговорката и Волкот сит и Овците на број ! Па да тргнеме од почеток, од Волкот, фигуративно речено. Битола и Битолската спортска јавност вложија многу во проектот Ракометна платформа. Пари, емоции, енергија и што уште не. Пелистер во […]

Неколку сценарија за ракометниот Шампион на Македонија

Фото РК Еурофарм Пелистер Во сабота во Битола ќе се одигра најважниот натпревар оваа сезона во Македонскиот ракометен шампионат. Потребата од издвојување нај, играч, сезона, натпревар, клуб, одсекогаш создавала дополнителна тежина. Изминатиов период во различни ситуации, аналитичари, стручњаци, аматери, играчи и медиуми се обидоа да предвидат каква ќе биде разврската на оваа сезона. Во подкастот […]

Специјални, Јуришни, Десантни…

Фото РК Вардар Единици за брзо распоредување, Гранична полиција, Полк за специјални операции, Посебна единица за подршка и верувам дека во СПА центарот на Хотел Русија имаше и Фоки ! На сиот овој расположив арсенал, на кој верувам и Украина би им позавидела, а кој дефилираше околу салата безмалку цело неделно предпладне и пладне, во […]