Иван Марковски за ЕХФ Ф4

Во еден искличително интензивен период, во кој Иван Марковски ја комплетира одбраната на Мастер Коуч дипломата и со сите сили се обидува да создаде респектабилен Металург за следната сезона, ни направи исклучителна чест и привилегија да го чуеме неговиот осврт за ЕХФ Финалето во Лигата на Шампиони.

Барселона во своето 15 финале го освои својот 10 трофеј во ЛШ во една совршена сезона за нив без ниеден пораз и изгубен бод во Европа, во финалето во Келн беше подобра и го победи дебитантот и најголемото изнедаување оваа сезона тимот на Алборг.

ПСЖ, Алборг, Нант и Барселона беа учесниците на овој завршен турнир, сите екипи влегоа со свои амбиции и математики но искуството од предходните турнири велеше дека фаворитите не секогаш победуваат, сите беа умерени во изјавите и секој ја чекаше шансата од втор план. Ако Барса беше на хартија најдобар, никој од нивниот табор не се осмелуваше да каже дека на крајот ке го кренат највредниот трофеј. 

Полуфиналните двојки ветуваа врвен ракомет. Така и беше.

ПСЖ како еден од претендентите за висок пласман, иако имаше голем дел од натпреварот контрола на резултатот сепак како и во предходните неколку турнири потклекна и загуби од Алборг. Екипа која покажа како треба да изгледа една модерна и технички добро поткована екипа која до најмал детал знае што сака. Никогаш не престанаа да веруваат во успех дури и кога заостануваа со 5 разлика, напротив, веруваа во своите можности и не отстапија од нивниот систем кој на крајот им донесе историско финале. За ПСЖ ќе кажам само дека според мене беше чуден изборот на ротација на играчите во текот на целиот натпоревар. Недоволно искористен потенцилајот или моменталната форма на играчите ( ротација не по секоја цена ). Кога одите на резултат или играте за пласман во финале одите со најдоброто и најквалитетното во моментот. Се појави и одредена недисциплина во играта или индивидуална одговорнст на одредени играчи која резлутираше со пораз кој го вклучи алармот во ПСЖ. Сигурно дека нешто мора да се менува … на потег е  Омејер и управата.

Нант … сериозна екипа, комбинација на младост и искуство. Како што се вели има глава и опашка, систем, добра и цврста одбрана и секој си ја знае многу добро работата во секој одреден момент од натпреварот. Не случајно ги исфрлија и Киелца и Веспрем од трката за Ф4, а и на Барса им правеа проблеми во натпреврите што ги одиграа предходно посебно на домашен терен, сето тоа е се, само не случајност.

Препознатливи со нивната цврста одбрана , одличниот Нилсен на голот и многу трчање ( транзиција и лесни голови ). Лазаров со неговото искуство само им ја дава потребната креативност и искуство кое им треба на вакави големи натпревари. Генерално незгоден и супер противник.

Барса … не треба да се трошат многу зборови за екипата која најмногу покажа и заслужено играше во финалето и на крајот го освои. Веројатно не беше лесно да се задржи високото ниво на игра во ситуација кога немамат конкуренција во Асобал Лигата и се неприкосновени, најавата на заминување на голем број на играчи и тренерот кој освои се што можеше да освои и фактот дека фаворитите не секогаш победуваат на Ф4 требаше да потврди фаворитската улога и на краајот резултираше со уште еден трофеј во ЛШ. Функционираа беспрекорно во сите линии и освен почетокот на натпреварот во финалето се друго беше со колкава разлика ке заврши во корист на Барса. Покрај индивидуалниот квалитет се покажа и колективната игра како пресудна на овој натпревар, веројатно и поголемиот број на одиграни натпревари во однос на Алборг.

Генерално заслужено Барса го освои трофејот.

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...