Купот на Македонија во ракомет е елиминациски ракометен турнир кој се одржува секоја година. Тоа е втора најважна национална титула во македонскиот ракомет после титулата Шампион во машка и женска конкуренција. Актуелен освојувач на купот во машка конкуренција е Металург, а во женска конкуренција тоа е екипата на Куманово. Интересно, тие се освоени во 2019 година. Минатата 2020 купот беше прекинат и не се доигра.
Купот се игра од натпреварувачката 1993 година. Кај мажите, Вардар има најмногу 13 титули, Металург 6, Пелистер 5. По една титула имаат и Куманово, кој е и првиот освојувач, Борец и Прилеп кој е и последниот што го освоил купот (2002 год.) а не е член на големата тројка.
Кај жените апсолутна е доминацијата на Кометал, 16 титули но последната во 2009 год. Следат Вардар со 5, Металург со 4 и Куманово со една ама вредна, последната од 2019 год.
Еве го и распоредот !
13.05.2021 (Четврток)
Полуфинале мажи:
Полуфинале 1: РК Металург – РК Вардар 1961, со почеток во 16.30 часот на МТВ 3
Полуфинале 2: РК Бутел Скопје – РК Еурофарм Пелистер, со почеток во 19.00 часот на МТВ 3
14.05.2021 (Петок)
Полуфинале жени:
Полуфинале 1: ЖРК Куманово – ЖРК Металург, со почеток во 15.30 часот (Live streaming)
Полуфинале 2: ЖРК Вардар – ЖРК Чаир, со почеток во 18.00 часот (Live streaming)
15.05.2021 (Сабота)
Финале за жени, со почеток во 14.30 часот на МТВ 3
Финале за мажи, со почеток во 17.30 часот на МТВ 1
Накратко за прогнозите.
Неколку прекрасни дуели, со акцент на дуелот Металург-Вардар. По едно месечниот интензивен третман под палката на Иве и Златко, Металург е нов тим. Прикажаа неколку одлични партии и решени се против најсилниот можен противник да ја тестираат својата состојба. Во Вардар, после информациите за нови и стари одлуки, незнаеме на кое ниво енергетско е екипата. Сепак Вардар е фаворит и на хартија и на терен, но до четврток ќе причекаме.
Скопски Бутел е едно од најпријатните изненадувања но против сега веќе уиграниот и смирениот Пелистер, просто нема шанси.
Кај дамите можеби поизедначено. Куманово со најреспектабилен состав од другите, Вардар и Металург кои се на прилично јуниорски погон и Чаир кој сепак е со најмалку искуство од сите. Предноста блага на Куманово, но во куп натпреварите убавината е во изненадувањата.
Нека победи Најдобриот !