Фото РК Еурофарм Пелистер 2
Форматот со 8 екипи најблиску до идеалната формула за јака лига со јаки клубови и јаки натпревари во текот на целата сезона.
Колку на Македонските репрезентативци им недостасуваа дуели како овие од изминативе два викенда, видовме во Краков. И да, РФМ топло препорачувам она што го размислувате и она што многумина го препорачуаат да го спроведете. Натпреварувачката 2023/24 да биде со три степени, Супер Лига со 8 клубови, Втора лига со 10, и трета со сите останати ентузијасти и ракометни фанатици.
Маргината од 4, на сите досегашни натпревари сем на натпреварите на Пролет, каде еднаш беше 7 еднаш 5, ја потврди суштината на овој формат. Тврди, неизвесни дуели во кои секој стравува за победата. Да фаворити има, но ништо однапред не смее да се запише.
Тинекс Пролет од друга страна, отвори нова страница, реши да создава и да заработи. Во услови кога со децении се зборува дека во ракометот нема пари и дека само благодарение на локалните власти и на малубројни спонзори ракометот опстојува, тие ќе се обидат да го докажат спротивното. Слободна проценка е дека за своите тројца играчи од Вардар и од Алкалоид инкасираа 20,000 евра. Сума во апсолутна вредност мала, ама значајна како патоказ и поттик за работата со младите.
Во тој контекс, прилично непријатно сум изненаден од структурата на играчите во вториот Битолски клуб. Ако тезата по која е формиран, да созадаваме македонски играчи е точна, прашувам која е смислата во тимот да има дури тројца странци? Од двојкана пак со маркер запишувам едно име, Ристевски Самоил .
Доаѓам до транспарентите. Ги сметам како сериозна навивачка алатка, мерило на дух, мудрост и страст. Да, повторувам, времето на навивачки групи кои имаат една за цел, добра тепачка и инцидент, дефинитивно е минато, кој мисли дека не е така силно се лаже. Сепак забележувам дека на голем број транспаренти прочитав доста брутални и недолични пораки, пораки зад кои стојат ниски страсти и погрешни шепкачи.
Навивачи, сакајте го својот клуб со сето срце, омразата кон другиот нема да ве направи поголеми, напротив…
Да живее Македонскиот ракомет.