Еве се извинувам … не погодив, Македонија не победи 27:26 МАКЕДОНИЈА ПОБЕДИ 33:29

За првпат во составот немавме класичен дефанзивец. За прва пат Кире не беше во почетниот состав, за првпат ја победивме Данска, за прв пат … подобро деби Кире неможеше да има !

Ми се јави братот ми вика КРАЛОТ Е КРУНИСАН !

Данска почна со можеби најсилниот состав и отвори шампионски со бомба на Хансен …се понатаму е историја !Црвените, македонците, Тренерот имаше апсолутна контрола на натпреварот. Видовме нов лик на нападот, нов Талески, можеби Вардар ќе треба благодарница да спреми, Фитиљ како никогаш досега зрел, сигурен, Манасков еее каков важен играч за Македонија.

Десета минута водиме 6:4, почетничка среќа, можеби, ама почнува притисокот, влегува Кире па одиме полека но го тераме Јакобсен да земе тајмаут.

Дваесета креваме на 3 разлика, играме Одлично сеуште, тие менуваат пробуваат 7 на 6 , не им е сеедно !Никучот на високо ниво, 17:13 еееех да бевме на трибините …

Второто полувреме вечност, притискаат тие водиме ние, играме трпеливо и во одбрана и во напад.

Кире на тајмаут смирува, знае сега пикерите ни се предност.

А Жутиот ? Еј Жути, Жути, заборавив каква страст каква енергија имаш ! Злато вредиш !

Каков шок, уште 15 минути вечност, а уплатив и ливче, ама со тајфата, ми требаше подршка, Тоше уплати, трет пат во животот, и се стискам, стигаат пораки требаше повеќе да ставиме!

Немам зборови ….

Македонија 33 Данска 29

Отсонував или тепавме ?

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...