Официјалниот слоган на ЕХФ за ова европско, за нас Македонците е апсолвирана тема.
Македонија мала на мапата, притисната со векови од големите сили, никогаш впрочем неможам да го пронајдам одговорот зошто е тоа така, одсекогаш имала херои со големо срце.
Каков и да беше ждребот, сосема е јасно дека освен што сме домаќини ќе бидеме и аутсајдери. Но има ли нешто поубаво од тоа?
Во Скопје во Ноември ќе пристигнат олимписките шампионки, Франција, поранешните светки шампионки не така одамна, 2019, Холандија и секако една дамнешна светска велесила Романија.
Земајќи ги впредвид сериозноста на македонската лига, аматерскиот или полуаматерскиот статус кој го имаат повеќето клубови, и малиот број на девојки интернационалки, Македонија за жал нема никави шанси за изненадување. Системот на натпреварување низ годините не успеа да создаде силни женски клубови. Зошто е тоа така е секако енигма. Ракометната Федерација на Македонија со својот ангажман и посветеност успеа да ни ја овозможи оваа шанса, по вторпат после 2008 година, Македонија да биде домаќин на едно големо натпреварување, секако и со цел будење на институциите и компаниите кои би требало многу повеќе да вложуваат во женскиот ракомет.
Да не заборавиме, токму женската ракометна репрезентација и Кометал во женска конкуренција не поставија високо на ракометната мапа во светот.
Девојки, ИГРАЈТЕ СО СРЦЕ, ништо не можете да изгубите а многу можете да добиете. Ја повикувам целокупната македонска јавност, медиумите, клубовите, спортските федерации, сите заедно да го промовираме ова европско првенство и на нашите девојки им дадеме огромна подршка од трибините.
Фалангата знае како треба.
Со срце за Македонија!
Од 4 до 20 Ноември во три поранешни ју републики, Македонија, Црна Гора и Словенија ќе се одигра Европското првенство во ракомет за жени. Скопје, Подгорица, Цеље и Љубљана ќе бидат домаќини на најдобрите 16 тимови.