
Е славна реплика од безвременското шекспирово дело Хамлет. Мислел на Англија и лошото владеење, но бил внимателен и несакал јавно да го изрази својот став.
Тоа некако би звучело вака.
Денеска во еден пријателски натпревар од едно регионално натпреварување пристигна само една екипа. Оваа вторава за жал без компас и без план, стратегија, мотив ниту пак визија. Сме слушнале за оваа вторава дека извесен период има проблеми но незнаеме какви. Има неколку неодговорни играчи, нема одбрана а во напад ги фрла топките во аут. Владее страшна недисциплина и неорганизираност.
Успеа да не постигне гол во првите 8 напади, имаше очајна реализација од скоро сите позиции. Паметам еден луциден и многу успешен тренер кој зборуваше дека мечот кој се игра во недела тој го добива уште во четвртокот на тренинг. Овој тим изгледа го имаше изгубено овој натпревар поодамна.
Од друга страна во едно друго полувреме, едно момче кое стрпливо ја чека својата шанса, а кого го забележавме во младинските состави на една ракометна нација, покажа дел од својот талент.
Толку