O боже, каков е овој ракомет !

Викендов кој измина го следев дербито Бутел, Алкалоид. На полувреме беше 9:9, на крајот 21:19.

Синоќа пак, по мој вкус меч на неделата, за жал не и по ЕХФ критеримуте, за кои одамна се сомневам дека вредат, гледав Барса, Алборг.

Во следниот пасус ќе споделам статистички податоци, под претпоставка дека лабавава ЕХФ е точна, кои вреди да се нотираат:

Вкупно беа постигнати 72, седумдесет и два гола. Вкупно беа упатени 113 удари кон головите. Голманите одбранија вкупно 26 удари, изгубени топки со технички грешки вкупно 26. Исклучувања вкупно 3, ТРИ !

Дали статистикава е од кошаркарски натпревар?

United colors of Barcelona, во долгоочекуваниот дуел со All Scandinavian stars, за сладокусците понуди доживување со 5 мишленови ѕвезди.

Значи совршено е јасно во кој правец движи светскиот ракомет. Да не биде после никој не ни кажа! Во одредени ракометни кулоари се одбројува и времето кога и центарот по примен гол ќе се укине, па просто како во кошарката нападот ќе започнува од голманскиот простот. Многу трчање, брз пренос на топка, лесни нозе, скок, времето на разбивачите “беше си”.

Антиципацијата, импровизацијата и останатите мисловни процеси ќе бидат високо на цена. Или како што рече синоќа коментаторот на Арена, парафразирам, ако го видите Дика Мем на улица нема да ви падне на памет да помислите дека станува збор за ултра спортист, можеби и најдобар во светот на својата позиција.

Со заклучокот дека во Македонија уште се бориме за елементарни услови, сала, ако има сала греење, ако има греење, чиста и фунционална соблекувална, го завршувам краткиот осврт на современиот ракомет. Првите 40 минути од Алборг Барса, верувам дека би биле интересни за просечен американски љубител на спорт.

Да и уште една забелешка, за ваков ракомет се потребни и судии како оние синоќешните. Можеби имаа грешки но со своето чувство за досудена предност при прекршок или обид за прекршок тие ги поставуваат темелите и на судењето на ваков атомски ракомет.

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...