По што ќе остане 2023 запаметена?

По израелскиот воздушен напад вчера во градот Газа се издигна пожар и чад. Фото: Фатима Шбаир/АП

По израелскиот воздушен напад вчера во градот Газа се издигна пожар и чад. Фото: Фатима Шбаир/АП

Ракометниот ракурс ми е во фокусот, оти оној другиот, хуманиот одамна ме разочара.

А кога сум кај него, да се потсетиме дека Руско-Украинската војна сеуште трае, и повеќе од половина свет ги подбуцнува двете страни активно, да уништуваат и убиваат. На блискиот Исток крв на сите страни. Африка сеуште оставена да се распаѓа во своите тн граѓански војни. Глобалното затоплување повторно главен баук откако Короната “феилна”, Индија стигна до безмалку 1,5 милијарди народ. ВИ на голема врата тропа иако никој незнае каде ќе не однесе, а од мојот автомобилски свет, лицемерната агресивна кампања за електрификација не запира иако на сите им е повеќе од јасно дека ниту е еколошка ниту е економски оправдана ниту е техничко-технолошки изводлива и издржана.

Но, назад во сала, за жал и тука повторно пораз, ниту една нова сала не е изградена и ниту една сала не е загреана, чест на една или две во цела Македонија. Тажно !

Издвојувам пасуси или наслови кои сметам дека оставија белег во 2023 та…

Јануари

Иако голем дел од Македонската спортска јавност е незадоволен, сепак Македонија ракометна 2023 ја започна со уште едно учество на Светско првенство ! Не постои друг спортски колектив ниту пак индивидуалец кој толку често го веел Македонското знаме и ја пеел Македонската химна на светски настан. Тука потсетувам дека во една друг пак репрезентација од еден доста популарен спорт, огромен број од репрезентативците во континуитет ја навредуваат Макеоднија со непеење на химната и притоа нема никакви санкци за нив. Да не ја почитуваш земјата која ти е татковина и која се ти дала, па и шанса да играш за неа, нема помизерно !

Можеби илјада, можеби и повеќе, не сум сигурен, но овие претходниве и неколку гаучоси, една симболична бројка на неутрални ракометни љубители, беа сведоци на оваа натприродна појава. Да ние сите бевме свесни дека иако кралот најави а играчите така и се однесуваа во добар дел од првото полувреме, победата беше сместена во жанрот НФ. Јужната преплавена од македонските навивачи беше во борбен режим 60 минути. Овие гореспоменативе кои генерално беа зафатени со редовна достава на полско светло, со погледи прашалници кон Фалангата.

ФЕВРУАРИ

Имавме одлични гости во подкастот !

Најголемите успеси на Македонскиот младински ракомет се врзани со неговото име. Икиќ ја одведе Македонија до 4 то место на Европското во Полска 2002 година и до 6 то место на Светското 2017.

Македонија во спортот има еден GOAT, најдобриот ракометен десен бек на сите времиња!

МАРТ

Многу активен

Ќе почнам одзади. Ниту еден клуб сем Вардар и Пелистер, а имаше неколку кои грчевито се бореа за излез во Европа, со ништо не покажаа дека сакаат и можат да изиграат повеќе од еден елиминациски дуел или епизодна улога во групите. Тоа го говорат нивните буџети, ростерите па и тренерите. Mеталург, Пролет, Бутел, Пелистер 2, сите со туристичка агенда. Видовме доста инстаграм постови и “сториња”, за екскурзиите, но ниту еден прес во кој ќе се образложат побудите за излез во Европа.

Со Бице по принципот на западните хегемонистички практики развиваме теза, план, прогноза, кога Македонија може да очекува блескави ракометни моменти

Во опевањето, ама и во распнувањето, а јавноста ова второво повеќе ја привлекува, јас секогаш барав дедуктивна потврда.

СПЕЦИЈАЛНИ, ЈУРИШНИ, ДЕСАНТНИ…

АПРИЛ

Алкалоид се позиционира, а најдобрите светски ракометни судии повторно наши гости

ВО АВТОКОМАНДА, ДУХОВИ ОД МИНАТОТО

Внатрешната поделеност во Македонската историја е константа. Боли фактот дека после стотици години болка и солзи, ние Македонците никако не ја учиме лекцијата.

Во специјалот ПАСИВНА со помош на двајцата најдобри ракометни судии на светот, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, се обидуваме да разјасниме многу спорни ситуации.

Секунди ја делеа ракометна Македонија од сценарио кое никогаш не било напишано а можеби ниту замислено, на 5 кола до крајот 3 екипи да бидат во борба за титула.

МАЈ

Уште една легенда ги закачи патиките, Македонија доби нов шампион

ЏОМБА, ТИ БЛАГОДАРАМ …

Некако ми се наметнува, а ние Македонците често сме сведоци дека народната мудрост со векови не одржала, поговорката и Волкот сит и Овците на број !

Некаде на почетокот на Нултите, мојот драг пријател и ментор Димитар, замина во Америка, во потрага по своите соништа и остварување на своите амбиции. Беше гладен за докажување, а уште тогаш свесен дека овде на Балканите е претесно за него. Не ми беше сосема јасна неговата интенција, но му дадов поддршка недвосмислена.

Сигурно еден од најдобрите Македонски леви бекови, Раде Стојановиќ е на чело на Македонската ракометна кадетска селекција.

Пелистер е ракометен Шампион на Македонија.

ЈУНИ

Неколку промени

По неуспешните епизоди со Агрономот и Викингот, управата на Пелистер го сврте листот. Ангажманот на Јовиќ, џекпот !

Сезоната која измина, на домашно, европско и светско “тло” од ракурс на македонскиот ракомет, подоткри една низа знаени и незнаени недостатоци. Дел системски, дел стекнати, дел наметнати.

ЈУЛИ

Мирно пред возбудувањата

Во далечната 1989 година, во продукција на Кроација Рекордс е издаден еден хит, сега веќе легендареn, “Дуго топло љето почиње”, во изведба на Џаволи.

АВГУСТ

Младите сили го обелија образот

Девојки и Момци, главата горе, силно пејте Денес над Македонија се раѓа, ние сме со Вас и во победа и пораз !

Еден натпревар беше потребен за оваа констатација. Завршувањето на групната фаза со две победи и еден инструиран од судиите пораз, од ракометната велесила Норвешка, ја потврди мојата позитивна мисла.

Влезот во топ 10 селекции во светот е огромен успех, земајќи впредвид и фактот дека ние не изигравме ниту еден натпревар со екипи надвор од европа, уште поголем !

Зошто во Добој гостува Барселона а во Струга Панчево?
Искрено не сум бил ни во Панчево ни во Барселона но разликата е значајна

Тој е пример на спортист од кого многу можат младите да учат. Преговорите во само 24 часа и еве го Уве во подкастот САМО РАКОМЕТ

СЕПТЕМВРИ

Почеток на новата сезона

Во пресрет на суперкупот, јасни беа две работи: Пелистер е апсолутен фаворит, за младата екипа на Вардар секоја минута е важна.

Далечната 1980 год. за многумина на овие наши простори, ќе остане запаметена по смртта на една маркантна историска фигура, Тито, но и по премиерата на вториот дел од сега веќе легендарната сага Војна на Ѕвездите, Imperija uzvraca udarac, како што гласеше во “оригинал”.

ОКТОМВРИ

Нова енергија во подкастот

На почетокот на новата сезона се соочуваме со стара болна тема. Повредени играчи

Дека натпреварот во предвечерието на големиот Македонски празник, помеѓу Пелистер и Вардар беше Дерби немаме сомнеж. Но дека беше исклучително различно од сите досегашни Дерби дуели имавме многу показатели.

Александар Петковски, 19 годишното леворако крило со гол во последните секунди од натпреварот, му го донесе на РК Алкалоид првиот бод во Лигата Европа.

НОЕМВРИ

Битола во центарот на ракометниот свет

Прво, затоа што сме добри пријатели. Во светот на конекции и познанства, одамна е лицемерно да се затскриваат релациите.

Просто неможам да разберам на кого му ја дадовме Македонија овие 3 децении? Па имаат ли тие луѓе тронка совест и чест. Патиштата се срам за секој Македонец, пораз за секоја власт, црна дупка на крајот на тунелот, место светлина која ќа ја води државата кон просперитет. Врската на Скопје со Кавадарци, Прилеп и на крајот Битола е шокантно лоша и после 30 и нешто години од самостојноста!

ДЕКЕМВРИ

Една радосна и една тажна тема

Македонскиот претставник во ЛЕ, РК Алкалоид, во последното 6 коло од групната фаза дојде до својата прва победа. Историска за клубот фромиран пред само 2 години, но интересно само втора за Македонските претставници во европа годинава. Тиквеш дома во квалификациите во европскиот куп и оваа на РК Алкалоид.

УМИРА ЛИ МАКЕДОНСКОТО СПОРТСКО НОВИНАРСТВО?

Збогум 2023 та,

Среќна нова 24 та !

Сподели на
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...