Со огромна жалост, ја објавуваме одлуката на еден од најдобрите, најпосветените, најверните, најклучните вардарови играчи, за крајот на неговара ера во скопски Вардар.
Неделното пролетно попладне пропратено со повремен дожд, ни ја донесе веста за одлуката на Тимур Дибиров да ја заврши својата одисеја во Вардар. Ќе оставиме време за да ги средиме впечатоците, но едно е сигурно сите ние а и тој самиот не сме замислувале дека крајот ќе дојде на ваков начин.
Нам ни останува само горчливиот вкус на привилегијата со која Тимур одлучи токму на снимањето на подкастот САМО РАКОМЕТ да ја сподели оваа вест со јавноста.
ТИМУР ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ ШТО ВГРАДИ ВО СКОПЈЕ, ВО МАКЕДОНИЈА, ВО ВАРДАР !
Скопје Македонија 03.04.2022