Пелистер загуби, сонот за висок пласман остана.

Во морето од забелешки, некои издржани, некои на ниво на желба а некои романтични, предлогот за стопирање на трансфери во тековна сезона и потпишување договори однапред, вечерва повторно се актуелизира.

Наративот за мечот имаше две димензии, од тотално небитен за Татабања, до вториот покомплексниот, тешко ќе се добие оваа утакмица. За жал вториов беше поиздржан, еве всушност што се содржеше тој:

Татабања е во комплетен ремонт. Од играчки кадар до клупа. А таму веќе беше сработена задачата со носењето на еден исклучителен стручњак, тренер со големо искуство и со методичен и помалку научен пристап на ракометот. Нам добро познатиот Драган Ѓукиќ. Играчите се растеретени од било каков императив, за нив оваа сезона е завршена и тие, оние кои сакаат, а вечерва видовме неколкумина, едноставно можат да уживаат во ракометот. Тој, Ѓукиќ, веќе испорача одредени резултати и свежина па донекаде работата му е се полесна и полесна.

Од друга страна, нашиот Агроном, има проблеми во ростерот преку глава. Па така денес неможеше да смета повторно на една цела бековска линија, видовме дека и Марковски немаше минутажа, па во моментот кога и Периќ се повреди ситуацијата стана напната.

Тука се случија уште неколку моменти за кои понекогаш и говоревме. Малата минутажа на Танковски, која веќе му го смени и ликот на човекот, создаде од него несигурен играч. Играњето одбрана без престан на Маџовски, го носи во ситуација додека е свеж да има 3/3, а потоа 0/2 во важни помалку и клучни моменти. Кукуловски се чини со се поголема сигурност и “учинковитост” игра одбрана, но минутите кои ќе ги добие во напад се премалку за сигурност и самодоверба при шутот. Се наметнува и прашањето дали се доволно квалитетни?

Од друга страна она што вечерва беше добро секако е играта на Мандалиниќ, кој од време на време не потсетува за каков калибар на играч станува збор. Тактичката се надевам промена во нападот без и со пивот, добрата ротација на пеналџии и овојпат исклучително навремената измена на голман.

Кизиќ можеше да биде херојот доколку Пелистер најдеше решение во нападот. Тој вечерва беше одличен и навистина може да жали за поразот.

Вечерва ниту небото неможеше да му помогне на Агрономот. Штета. Но секое зло за добро, па еве порака за сите стручни штабови, менаџери па и играчи, не брзајте со потписите ! Во Скопје веќе еден се покаја.

За крај, на поразот на битолчани се придодаде и поразот на Спортинг таму доле под Олимп, па така под претпоставка дека Ним вечерва ќе го реши Кадетен, во Битола на 8 ми, со победа ќе се осигура второто место. Тоа и не е така лошо воопшто.

Да, за разлика од играчите и тренерите кои несакаат многу за судењето, јас сакам. Одлично е што ЕХФ делегира судии и од помалите федерации, но овие отцепениве, иако започнаа прилично смирено и авторитативно, кон средината ги изгубија прилично конците. Дали тоа влијаеше директно или беше само дел од мозаикот оставам на Вас да одлучите.

Русите напредуваат кон Киев, праведно или не незнам, знам дека Пелистер вечерва имаше голема шанса да направи голем исчекор.

01.03.2022 Кај чардашот

ЕХФ Европска Лига

Татабања 25 Пелистер 21

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...