Често ние навивачите со прст покажуваме кон двајца актери на теренот во црно (се почесто и во други бои).
Во специјалот ПАСИВНА со помош на двајцата најдобри ракометни судии на светот, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, се обидуваме да разјасниме многу спорни ситуации.
Под лупа го ставивме судењето на натпреварот Македонија-Португалија, но прокоментиравме и уште неколку специфични ситуации. Зошто е тешко да се биде добар судија, зошто е потребно одлично познавање на ракометните правила и многу посветеност…
Уживајте !