Веселин Вујовиќ: Вардар е последниот клуб кој ќе го тренирам !

Понеделник во Скопје 11,октомври е, голем македонски празник, јас разговарам со Веселин Вујовиќ, икона на југословенската спортска јавност како играч пред се на Металопластика но и на Југословенската репрезентација. Трократен освојувач на лигата на шампиони два пати со нашата Металопластика и еднаш со Барселона. Еден куп на злата, сребра и бронзи со Југославија, од врвни такмичења пред се олимпијади но и светски и европски првенства.

Богата и прилично успешна и тренерска кариера која започнува веднаш по престанокот со активно играње ракомет?

Веселин Вујовиќ: Па значи ја прекинав играчката кариера кога заврши сезоната во мај, веќе во септември бев тренер на Металопластика, затоа што одговорните луѓе во Металопластика сметаа дека јас сум доволно квалитетен, иако јас од секогаш имав афинитет да бидам тренер, секогаш сум размислувал дека еден ден ќе водам екипа. И некако тоа го носев во себе, ја сакам таа работа, сметам дека знам да им пренесам на луѓето и емоција и знаење, па така тоа тргна и од старт добро одеше.

Кога за прв пат дојде да го води Вардар во 2006 та и кога го видов на плочникот во Бисер неможев да верувам, каква легенда е овде во Скопје во Македонија, во нашиот Вардар.

15 години подоцна Вујо е повторно тука, во меѓувреме милион настани се случија но некако како од сите епизоди негови тренерски и селектроски, оние две, оти во два наврати беше тука во Скопје, Вардарски  да станаа синоним зад Вашето тренерско ЦВ.

Веселин Вујовиќ: Првиот пат дојдов на 6 месеци останав 6 години. Тоа беше времето кога бивша Југославија се распадна, кога останаа Србија и Црна Гора, јас бев селектор и бев на неколку големи натпреварувања со таа репрезентација и во еден момент се а случува и Србија и Црна Гора сакаат да се разделат. Јас сум роден црногорец, живеам во Србија оженет сум, ако бидам селектор на Србија, црногорците ќе ми замерат, ако одам во Црна Гора, овие во Србија … па велам … одам во Македонија овој период, за нас југословените нема место нигде. Тогаш дојдов во Вардар. Тоа беа други времиња, ракометот беше многу под ова ниво. Скопје беше тотално различен како град, но имаше некоја друга хемија некоја друга енергија помеѓу луѓето, повеќе љубов, помалку мобилни телефони. Денес сите сме зависни од телефоните.

Набрзо во Скопје пристигна и Лино Червар. Мислам дека тоа време некако и за мене и за Червар па и за македонскиот ракомет беше почеток на афирмација на ракометот како спортот, на квалитетот и Вардар и Металург играа значајни улоги во домашното првенство па и во европа, тоа беше големо ривалство.

Во голема мерка јас бев обележан со црвено црната боја, низ целата кариера, секогаш бев во нераскинлива врска со Вардар со Комити со Скопје со Македонија. А всушност така и беше, служев војска во Кичево, со години доаѓавме на турнир во Струга, стекнав многу пријатели, мојата сопруга Љиља има прекар Македонка, бидејќи учеше во Штип, нејзиниот татко беше воено лице, па Македонија за мене беше нешто природно. Кога имавме пауза скоро бев неколку денови во Шабац и после два дена велам ајде да си одиме дома во Скопје, тука се чуствувам најдобро.

Всушност можеби е Вардар и последниот клуб кој ќе го тренирам. Јас веќе размислувам полека за прекин на кариерата, па во јануари веќе правам 61 година иако се чувствувам добро и никој не би ми дал 60 години, но тие се тука годините. Би се посветил на некоја школа на ракомет каде ќе нема таков стрес.

Но морам да кажам додека работев во помалите клубови, ми недостасуваше тој стрес на Лигата на Шампионите.

И сега во Вардар повторно го чувствувам, тоа е повторно тука, повторно имам позитивна енергија, не се плашам од предизвиците, и Елверум и Мешков, Алборг, и Монпеље беа големи предизвици. Јас прв ако се исплашам тоа ќе го почуствуваат моите играчи, така да за почеток се е во ред.

Вујовиќ, добро дојдовте дома во Скопје.

Колку е Скопје а колку Вардар поразличен од како заминавте во 2013?

Веселин Вујовиќ: Игравме во Кале, тоа не е добра сала, немаше многу публика, имавме проблем со греење, па покривот прокиснуваше, па сега сме во една од најдобрите сали Јане Сандански, функционална, феноменална, но ако ми верувате за мене Кале беше Берси во Париз, никогаш нема да ј азаборавам. Многу добро се чувствувам. Не се сите промени на добро, но времињата се менуваат и тоа мора да го прифатиме.

Многумина нотираа, но и Вие самите сте изјавиле дека со Вас почна подемот на Вардар кон европските височини. Животот на еден професионален спортист и тренер е исклучително тежок на моменти и неблагодарен, како се чувствувавте по напуштањето на Вардар? Дојде Самсоненко, екипата беше создадена,темелите поставени?

Веселин Вујовиќ: Јас пред Самсоненко да го преземе Вардар, имав договор со Михајловски, имавме договорено соработка. Но Михајло беше во позиција, кога квалитетот на екипата и тоа што јавноста го очекува ги надминува неговите финансиски можности. Се појави Самсоненко кој тоа го понуди, но тој не го сакаше Вујовиќ на клупата. Не сакаше човек со таков карактер, таков агресивен. Тој сакаше секогаш да биде прв, тешко дека ќе можеше со мене така, да ми се меша во тренерската работа да одлучува за играчи, да седи на клупа, е тоа јас не би го дозволил.

Иако сметам без разлика на се дека многу направи за Вардар, но дека начинот на кој отиде не е начин на кој би требало да замине сериозен претседател на клуб, тој сигурно имал некој свој интерес.

Отидов од Вардар и работев во разни клубови. Многу често ми зборуваа дека не требаше да одам во мали клубови дека тоа не е мое ниво. Но јас сум човек кој сака да работи, па дојде некој клуб например Тиквеш или Прилеп и вели, Вујо ние немаме многу пари да Ви платиме, но имаме добра млада талентирана екипа и сакаме да работиме и сметаме дека можете многу да ни помогнете и јас велам договорено доаѓам.

Мене никогаш парите не ми беа мотив за кој би требало да работам, можеби е тоа грешка, но јас мислам дека најдобро место на тренерот е покрај клупа. Каде кога како не е важно само да е покрај клупа.

Можам да седам во кафиќ со пријатели и да кажуваме како требало каква тактика за утакмица во која играат некои други, ало, седни на клупа повлечи потег и покажи како се работи !

Бев поврзан со Вардар со играчите, во контакт со Михајло, го пратев Варадр навивав за Вардар, некако како да чуствував дека еден ден ќе се вратам во Варадар. Во оној момент кога Михајловски дојде да го спаси клубот да не му се случи Кометал или ЖРК Вардар, се знаеше дека и јас ќе се вратам.

Јас се надевам дека луѓето во Македонија ке му помогнат да го одржат Вардар. Вардар е македонски бренд, ако некого низ Европа прашате за во спортот, прв е Вардар, нема друго име, ајде можеби во фудбалот во Италија ќе кажат Пандев, но сепак тоа е Вардар ракометниот клуб.

Знаете што направиле градските власти во Шабац, ја внесоа Металопластика во статутот, додека постои Шабац мора да постои и Металопластика. Тоа е нешто што треба да биде пример.

Кој играч може да се каже дека е Ваше дете, сите мислиме дека Карачиќ е ваш изум дали може да издвоите таков играч …

Веселин Вујовиќ: Карачиќ секако, тој дојде во Скопје од Босна од Сараево, беше повреден, опериран и никој не веруваше прво дека може да се опорави и тогаш до донесов. Михајло ја испочитува мојата желба, незнаевме дали ќе се опорави и како. Го донесов Илија Абутовиќ кој играше во Слован, кој беше избркан, пазете од една од полошите екипи во Словенија.Немања Прибак дојде од Требње…

Столе Стоилов, хм, дали е мое дете? Може да биде. Тој беше во судир со Червар и беше избркан од Металург. Трчаше на кеј да ја одржи кондицијата. Му велам на Михо да го доведеме, а тој, Вујо бре проблематичен е не е за ова, како ќе го прифатат комити. Па му велам Михо бре, правите борци луѓето ги сакаат, нема врска кој дрес го носел претходно ако тој се бори. Џамбо Милиќ, за кој ми е жал како ја заврши кариерата, велат има 213 кг тоа е нешто неверојатно.

Петриќ, и многу други со кои сум стално во конаткт и сме нераскинливо врзани, но не само играчи од Вардар, од сите екипи каде сум работел имам многу добри и феноменални односи. Никогаш нема да чуете дека некој рекол грд збор за мене и јас сум горд на тоа.   

Еве за Карачиќ, се појавија шпекулации за негово враќање , чаршиски муабети во Скопје, а и Вие во едно интервју кажавте дека Карачиќ највеќе би го посакале од старите да се врати? Има ли вистина во тоа?

Веселин Вујовиќ: Луѓето многу често погрешно интерпретираат некои разговори. Нему му истекува договорот во Киелце, претседателот кажа дека не е задоволен,

Кога зборуваме за тоа да ја појачаме екипата на среден, кој би бил најидеален, Карачиќ. Тука е, ме познава мене, го познава градот, ги познава луѓето, оженет е со македонка, публиката го сака, значи најлогична идеја би била да е тој, што незначи дека тоа ќе се реализира. Михалјо неможе да го плати како Киелце, или некои други клубови во Европа. Тој има рејтинг, тој е име, тој е играч од висока класа. Но, доколку тој свати дека е тука кај своите луѓе, кај својот народ, во својот клуб и дека тоа има некоја своја цена, кога би можел да најде компромис, јас сум сигурен дека и неговат и мојата и желбата на Михајло би се соединиле и тоа би било најдобро решение за Вардар.

Дали тоа значи дека се почнати преговори?

Веселин Вујовиќ: Не, не, не, навистина немам никаква причина да кажам нешто такво ако тоа не е вистина. Јас можам само еднаш да Ве излажам, веќе вториот пат нема да ми верувате. Значи разговори со него не се почнати но Михалјо размислува дека би требало да стапи во контакт со него.

Новинарството е во непрекината трка по сензации, ако се трагични тогаш подобро, еве и во случајот со Гурбиндо некој се обиде да направи сензација со објава на инцидент со Вујо, тој има незгоден темперамент па се скарале на тренинг,  колку Ви одзема енергија сето тоа?

Мислам дека Гурбиндо е голем професионалец и нема причина да се плаши од мене. Тој сигурно во некој разговор или изјава или интервју би кажал дека причината за заминување е несогласувањето со мене. Јас со него имав разговор исто како со Вас, единствено кога се појави шпекулацијата дека поради 1 милион побаран од ЕХФ, и дека можеби Вардар нема да игра во ЛШ, некои клубови и менаџери тргнаа полека по нашите играчи да ги земат за себе. Тогаш Чави Пасквал потпиша за Динамо Букурешт и Гурбиндо имал разговор со него, тој беше негов тренер. Тие му понудиле поголема сума  од таа што ја доби во Вардар. Кога направил калкулација колку е тоа повеќе, тогаш …. наводно не бил задоволен од тоа што му кажал Михалјо за клубот, па бил уморен од олимпијадата, па точно е дека бил незадоволен што јас 6 дена по олимпијадата го земав на турнирот во Струга. Но јас го имав само турнирот во Струга за подготовки а веќе за 5 дена дуелот со Загреб во СЕХА. Ти си нов играч и кога ќе те вклопам? И тоа беа се некакви причини, па на крајот сакаше да остане но Михајло веќе беше доста изнервиран, па тој на негово задоволство отиде, но морам да кажам и на наше затоа што за еден доведовме двајца врвни играчи кои потполно ни ја променија филозофијата на играта, амбиентот во соблекувалната, квалитетот на тренингот и на утакмиците, ех да го знаев тоа порано. Но така е во животот.

Вашата тренерска кариера ја обележаа и две култни сцени, едната тука во Кале кога Вујо спасува еден комита од полицијата или кога застанавте на гол по една неправда судиска… Дали го имате тој темперамент сеуште?

Веселин Вујовиќ: Да Ви кажам јас немам ништо смислено, јас на утакмица доаѓам најнормален, хаха, се трудам да ја работам својата работа најдобро, а кога ќе се случи нешто јас реагирам емотивно, импулсивно. Во Кале, со комитите, па некој да ги тепа нашите навивачи кои дошле да навиваат, па тие двајца, тие беа деца. И полицијата треба да реагира по нормално. Тие деца не се хулигани, хилиган и навивач тоа се две различни работи. Хулиганот руши, крши, а навивачот навива, го носи емоција, и така треба да ги гледаш. А второ, една од најголемите спортски неправди кои ни направиле со свирење седмерец на центар со некое измислено правило, па кога застанав на гол а судијата ми вели Ајде те молам не прави циркус, ја му велам Вие го направивте јас само се приклучив во таа приказна. Таа слика стана историска. Многу луѓе во европа ми се воодушевуваат како јас го интерпретирам, посматрам и поради моите реакции, ама јас сум па еден од најказнуваните тренери од страна на европската федерација, па незнам дали сум баш паметен што така реагирам…хахах

Последните години се нафаќавте со мали неважни клубови,со исклучок на Загреб. Токму една од дилемите во ракометната јавност беше таа, Вујо не водел сериозен клуб одамна, доаѓа од Бања Лука од Ниш ќе може ли да се спротивстави на големите Барса, Кил?

Веселин Вујовиќ: Па добро дали тие мислат дека јас го потрошив своето знаење, дали тоа е една чаша па ќе ја испиеш и нема повеќе? Јас знаев истото што и сега го знам и кога бев селектор на Словенија и тренер на Борец и на Сиудад Реал кога освоивме европски куп, и тренер на Вардар јас сето тоа го знаев. И сега има сплет на околности дека некогаш не си баш на местото кое го заслужуваш или на кое би требало да бидеш, исто како што има многу луѓе кои се на места кои не ги заслужиле. Тоа е јасно. Јас читав коментари на социјалните мрежи и имаше луѓе кои не беа за нас иако имаше процентуално кои беа за, но сега во последниве неколку утакмици не сум прочитал некои негативни коментари и за тоа ми е навистина драго, но кога ќе има пораз а ќе има, веднаш ќе тргнат. Но такви сме ние, ако ме сакаат 10 луѓе веднаш има 100 што ме мразат затоа што овие ме сакаат, е тоа е најлошата приказна што се случува на Балканот. Но да нема такви луѓе можеби јас не би бил толку добар тренер, затоа што тие ме мотивираат, на тие што ме мразат да им докажам а на тие што ме сакаат да им се заблагодарам. Тоа е филозофијата.

Многу е тешко да се биде тренер, педагог, психолог. Моменталната ситуација во Вардар не е лесна за тренер, многу е компликувана. Правевме тим да играме домашна лига, сеха лига и лига на шампиони.  Да игравме сеха ќе игравме секој втор ден цела година. Немаш време да тренираш нити да спремиш екипа. Кој во таква ситуација може да критикува еден тренер. Направивме состав од 26 играчи. Кога во среда играм со 16 играчи, 10 недостасуваат, ти утредента мораш да работиш со нив но неможеш да ги одмориш овие 16. Имаш 10 одморни и 16 уморни и треба да направиш тренинг едниве да ги оптеретиш а другиве да ги опуштиш.

Потоа правилата кои ги има РФМ се такви да неможам да играм со сите играчи. Правила кои се направени пред 5 години. Еве може да игра од репрезентација која е 15 на светско или европско, ама неможе да игра бразилец кој е 12 на олимпијада, па тоа би требало да е подобро од европско, ме разбирате? Значи мора да се сменат тие правила за доброто на ракометот.

Во овој момент имаме добар амбиент имаме една специјална хемија, морам тоа да го истакнам. Играме веќе трета утакмица дома  по ред, поради календарот, па некако објективно размислував јас да земеме 10 бодови па некако да поминеме во следната фаза, затоа што кога ќе погледнеш кои се екипите во групата, составот има 10 нови играчи, нов тренер, па како тоа ќе функционира, пандемија, и си викаш ајде ќе го добиеме Загреб тука, таму не си сигурен, Елверум …па сега ако го добиеме Монпеље ние ќе имаме 7 бодови по 4 утакмици. Но доаѓаат тешките утакмици.

Продолжува…

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...