АНАЛИЗА 2025-26 (прв дел): Алкалоид зрее, Охрид се крева – кој ќе ја разниша рамнотежата на „вечните“?

Добредојдовте на најавната анализа за натпреварувачка сезона 2025/26. Поради обемноста на материјалот, оваа колумна решив да ја напишам во две последователни продолженија, од кои денес ќе оди првото продолжение. „Сезоната на македонскиот клупски ракомет стартува околу празникот на независноста. Вардар доаѓа со нов состав и многу прашалници околу тренерската позиција, додека Пелистер ја задржа базата која освои […]
