Два концепта, две визии, едно дерби со многу пораки и еден „победник“

Разочаран од напредокот и развојот на некои свои пулени кои многу ветуваа(т), Алкалоид се наоѓа пред нова одлука, дали ќе продолжи по истиот пат, трпеливо чекајќи ги Марко, Тино и Даме или ќе посегне по засилувања од странство, како Малус, Хорига или Јанкоски или подобри од нив, за да остане конкурентен во битката за титулата? […]
Можеме ли чекор понатаму?

Фото ГРК ОХРИД Во неделава на европско тло, фигуративно речено, оти европа упорно не не смета за присутни, три наши екипи ќе истрчаат на герфлорот со големи амбиции. Убаво е чувството да си дел од нешто важно. Значи дека работиш правилно, добро целиш. Македонија, таква каква што е, со Ракометот бележи парадокси. Екипи во Лигата […]
