Мечка „сервираше“ ладна одмазда, Вардар на сиров квалитет до триумф во Автокоманда

Нема одмор за ракометот во овој период на годината, барем не за оние играчи кои играа на последното ЕП, или било кое континентално натпреварување. Нема пауза и за љубителите на ракометот. Европа, односно лигите низ Стариот континент, се веќе назад на терен, а таков е случајот со Македонија. Викендов, официјално заврши регуларниот дел од македонската […]
Меѓу криза и катарза – Пелистер си направи „мечкина услуга“ или се врати „во живот“?

Битола повторно е во ракометен транс. А според коментарите кои ги читаме и слушаме на социјалните мрежи – „Пелистер е повторно шампион“! Се врати насмевката на лицето на Чкембарите, што би рекол капитенот на домаќинот. Полна сала, како потврда на фактот дека ракометот е единствено „жив“ во државата, публика, која, како и на избори, во […]
Спектакл и мизерија – ракометен викенд пред преполни трибини

Она што мене ме радува, или ме растажува, е „ролетната“ на Галец, зрелоста на Самоил, макар и споредната улога или принудна минутажа на Стојановски во дресот на „двократниот“, развојот на Стојковиќ, формата на Ѓоргиев, враќањето на Марко Митев, но и „заковувањето“ за клупата на близнаците Атанасиевиќ. Македонските ракометари, особено младите, секогаш ќе ја имаат мојата […]
Никој како Неговото Величество – РАКОМЕТОТ!
За крај, повторно Охрид. Веќе на првиот натпревар обезбеди пласман во следната рунда од поранешниот Челинџ куп, а начинот на кој тоа го направи дава надеж дека Македонија повторно ќе има свој претставник во полуфинале или финале на едно европско натпреварување. Може некој друг колективен спорт да се пофали со таков успех??? Каква недела! Ракометот […]
Два концепта, две визии, едно дерби со многу пораки и еден „победник“

Разочаран од напредокот и развојот на некои свои пулени кои многу ветуваа(т), Алкалоид се наоѓа пред нова одлука, дали ќе продолжи по истиот пат, трпеливо чекајќи ги Марко, Тино и Даме или ќе посегне по засилувања од странство, како Малус, Хорига или Јанкоски или подобри од нив, за да остане конкурентен во битката за титулата? […]
Ракомет vs Фудбал

Фото РК Алкалоид Во годините на славата на македонскиот клупски ракомет, манифестирана со три екипи во групна фаза од лигата на шампиони, во еден четврток во Скопје како коментатор на Мечот на неделата гостуваше новинарот и коментатор со островско потекло Том Обранаген. На вчудоневидувањето на ракометните фанови и љубители им нема крај. Како е можно […]
Ракометни евро интеграции?

Актуелниот селектор на Македонија, Кирил Лазаров, во повеќе прилики ја нотира брзината (спороста) на македонскиот ракомет како круцијална кочница во прогресот на македонските екипи а со тоа и прогресот на националниот тим. Бројот на напади, а со тоа и бројот на удари кон голот во просек е драматично помал од просекот на врвните европски екипи. […]
Дерби на екстреми – спорт и сенки во македонскиот ракомет

Големото македонско и балканско ракометно дерби донесе неизвесност, квалитет и ривалитет на теренот… но и инциденти надвор од него. Вардар го доби натпреварот, но клубовите и публиката имаат важна порака: спортот е за навивачите, за атмосферата, за полни сали, а не само за трофеи. Поминаа десетина дена од моето последно „излегување во јавност“ и нешто […]
„Двократниот“ најавува подем, Автокоманда бара излез, Битола во поход до нов европски подвиг

Во таква ситуација, повторно, домашниот тренер, требаше да најде начин да го принуди противникот да игра побрзо, особено кога истиот тој е во напад, а не да остави Фитиљ, Тајник, Пеше, па и Хосни, на искуство, да „се влечат“ и да доаѓаат до посакувана позиција за погодок. Со агресивна зона, за која можеби нема доволно […]
Големата четворка ги вкрстува копјата

Фото РК Еурофарм Пелистер Викендов ракометните сладокусци ќе имаат прилика да ги погледнат долго најавуваните дуели од новопроектираната ГОЛЕМА ЧЕТВОРКА на Македонскиот ракомет. Во Борис, домаќин Вардар, гостин Охрид, а пак во Автокоманда на Алкалоид му гостува шампионот Еурофарм Пелистер. Одличен е потегот натпреварите да се играат во два дена. Долго во кулоарите провејува наративот […]
