БРАНЧЕ НЕ ДОЗВОЛИ „БРКАНИЦА“ ВО АВТОКОМАНДА, ПЕЛИСТЕР „НА ТИВКО“ ЈА „ПЕЧЕШЕ“ ПОБЕДАТА ПРОТИВ АЛКАЛОИД!

„Свирката на Бранче“ се слушаше во Автокоманда секогаш кога имаше навестување дека се спрема некаква „јурњава“ по теренот, знак дека треба да се смири играта и постави тоа што е договорено. А богами видовме дека популарниот Бранче, каков што го знаеме од времето кога уште играше, не спиел многу периодов и добро ги „вооружил“ со тактички детали своите играчи.