Уметникот, Мечката и Пантерот му го земаа „скалпот“ на Шампионот, ќе дочека ли „двократниот“ киск на Битолчани?

Што се однеусва до атмосферата, ако во Автокоманда „мирисаше“ на освојување титули, пред „Јане Сандански“, а и внатре, се наликуваше на (нај)убавите години, кога Вардар „ја стави Европа под нозе“, младо и старо, машко и женско, на нозе се кренало, да го бодри „двократниот“, да го бодри последниот бастион на МАКЕДОНШТИНАТА, барем за нас, кои живееме тука, во Скопје. Одлична посетеност (за работен ден) од вистински вљубеници во брендот Вардар, кој нешто порано тој ден објави соработка со големиот ракометен бренд Кемпа, кој препозна одлична база на навивачи, следбеници, препозна можеби враќање на Вардар на големата сцена, со свои математики за поддршка на истиот.