БРЗИ, СИЛНИ и БЕСНИ, или како Кралот одговори на предизвикот

Има еден настан кој мора да се одбележи. Во еден момент, кога во континиутет бевме незадоволни од судењето на Турците, од кои нескриено сите очекувавме малку ветар в едра, кон нив полета импровизирана топка изработена од згужвано знаменце, дел од одличниот декор в салата. Серафимов појде кон него и го подигна од подот, и кога на момент се исплашивме дека ќе го однесе до судиите, незнам зошто воопшто таква мисла ни пролета, тој го отвори го испегла и го бакна Македонското знаме! Знаевме тогаш, овие деца се дојдени овде да победат !!!
