Некои ќе напаѓаат, некои ќе се гордеат со ВАС, главата горе момци Македонци!

Како беше преставена Македонија?
Како и лани во Хрватска, и повеќе од солидно, пред се во однос на пристапот кој овие момци (сите топтан) го имаат кон дресот со националните бои, борбата и желбата за себе промовирање но и промовирање на државата Македонија. Но, и ракометно, каде настапивме со генерација која не даваше сигнали за големи дела, генерација која во многу наликува на онаа од ’98, технички добро „поткована“ и дисциплинирана. Дали можеше подобро? Секако, дури и до медал. Теза која, можеби, ќе се потврди со игрите на некоја селекција на ова ЕП во главната рунда.