Македонскиот ракомет меѓу минатото и реалноста – европски тест за Вардар и Пелистер

Минатото нè учи, сегашноста нè тестира. Нашите екипи во Европа и ставот на селекторот, „комитите“ во „Јане“ и противникот на Вардар. „Сопнувањата“ на големата Барса во Скопје и утрешниот дуел во распродадениот ракометен храм „Боро Чурлевски“ Актуелната ракометна сезона полека го достигнува својот зенит. Првенството е во полн ек, а и сите македонски екипи во […]
Дерби на екстреми – спорт и сенки во македонскиот ракомет

Големото македонско и балканско ракометно дерби донесе неизвесност, квалитет и ривалитет на теренот… но и инциденти надвор од него. Вардар го доби натпреварот, но клубовите и публиката имаат важна порака: спортот е за навивачите, за атмосферата, за полни сали, а не само за трофеи. Поминаа десетина дена од моето последно „излегување во јавност“ и нешто […]
„Двократниот“ најавува подем, Автокоманда бара излез, Битола во поход до нов европски подвиг

Во таква ситуација, повторно, домашниот тренер, требаше да најде начин да го принуди противникот да игра побрзо, особено кога истиот тој е во напад, а не да остави Фитиљ, Тајник, Пеше, па и Хосни, на искуство, да „се влечат“ и да доаѓаат до посакувана позиција за погодок. Со агресивна зона, за која можеби нема доволно […]
Ако по утрото денот се познава – оваа сезона ќе биде спектакл

Пелистер налик Черваров Металург, во Битола мириса на четвртфинале Ако по утрото денот се познава, тогаш најавата, во две насоки (квалитетна и неизвесна супер лига и силни македонски екипи во Европа), за оваа сезона била на место и оправдана. Средата донесе многу неизвесност и поделба на бодовите во Автокоманда и голема радост по премиерната победа […]
АНАЛИЗА 25-26 (втор дел): Притисок во Скопје, стабилност во Битола – две филозофии и една титула

Добредојдовте на најавната анализа за натпреварувачка сезона 2025/26. Поради обемноста на материјалот, оваа колумна решив да ја напишам во две последователни продолженија. Првото „се емитуваше“ вчера, а ова е второто продолжение „Сезоната на македонскиот клупски ракомет стартува околу празникот на независноста. Вардар доаѓа со нов состав и многу прашалници околу тренерската позиција, додека Пелистер ја задржа […]
АНАЛИЗА 2025-26 (прв дел): Алкалоид зрее, Охрид се крева – кој ќе ја разниша рамнотежата на „вечните“?

Добредојдовте на најавната анализа за натпреварувачка сезона 2025/26. Поради обемноста на материјалот, оваа колумна решив да ја напишам во две последователни продолженија, од кои денес ќе оди првото продолжение. „Сезоната на македонскиот клупски ракомет стартува околу празникот на независноста. Вардар доаѓа со нов состав и многу прашалници околу тренерската позиција, додека Пелистер ја задржа базата која освои […]
Трофеи што „тежат“, порази што болат и надеж што не згаснува – епилогот на една од најдраматичните ракометни сезони (втор дел)

Од Битола до Скопје, низ дерби возбудувања, млади ѕвезди и историски национални триумфи на Алкалоид во Европа – ракометната 2024/25 во две продолженија што го обликуваат идниот лик на македонскиот ракомет Се спушти завесата на една од најнеизвесните и нај израмнети сезони во историјата на македонскиот ракомет. Не дека не беше најавено, или не беше […]
„Театар“на терен, шоу без вкус на трибините

Меч за гурмани, што би рекол Витомир Долински во доцните осумдесетти години од минатиот век, известувајќи во тоа време за (не)успесите на Караорман или ракометниот клуб Струга, како дописник на националниот сервис. Така некако би изгледал насловот за натпреварот синоќа во Автокоманда. Без Фитиљ и екс титуларот од Келн во дресот на „двократниот“, Пелистер, успешно […]
Националната спортска гордост како локомотива на државата

Почитувана моја нацијо, јас гордо ќе кажам дека, овој национален тим, како атипичен пример во сивилото во кое битисува нашата држава во многу сегменти, благодарение во голема мера на најдобриот македонски спортист на сите времиња и вложувањата што ракометот константно ги има преку клубовите во Битола, Скопје, Кавадарци, Охрид…не смееме да го ставаме во иста […]
Македонскиот клупски ракомет во полн сјај

Алкалоид е финалист на ЕХФ Европскиот куп, и против грчки АЕК ќе го брка првиот европски трофеј во својата кратка историја, а само четврти за мак ракометот. Уморни од супер високиот ритам на натпревари кој го наметнува плејофот во македонското првенство, соочени со повреди на клучни играчи и со непријатна традиција на нашите екипи во […]